fbpx

Депонијата Шутка се „одржува“, Министерството повикува на расчистување на три диви депонии (ФОТО)

-

Депонијата во Шуто Оризари во моментов ја „одржува“ инспекторатот од оваа скопска општина, а за темелно чистење и озеленување ќе треба да се обезбедат повеќе средства. Од друга страна, Министерството за животна средина и просторно планирање распиша оглас за јавни набавки за чистење на 33 диви депонии низ целата територија на  Македонија, од кои три се на територијата на Шуто Оризари, пишува „Порталб.мк“.

Во документацијата приложена во објавениот тендер, не може да се разбере дали се работи за депонијата за која постојано известуваше и „Мета.мк“, па затоа побаравме дополнително појаснување од ова министерството. Сите три депонии на територијата на општина Шуто Оризари имаат акумулирано 6.523 кубни метри отпад, додека буџетот за нивно расчистување е проценет на 4.965.000 денари.

Тендер за чистење на 33 диви депонии низ земјава

Општинскиот инспекторат од Шуто Оризари потврди дека лицето коешто било фатено како фрла отпад во депонијата имало дозвола од градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Проблемот со депонијата Шутка започна да се решава и 70 отсто од истата веќе е исчистена. Сепак, паралелно со чистењето на отпадот, депонијата се полни нелегално од лица, кои изјавија дека имаат дозвола од градоначалникот, што денес го потврди и општинскиот инспекторат.

Од инспекторатот информираат дека “лицето кое фрлало отпад имало дозвола од општината за привремено да фрла отпад“.

Одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер

Иако инспекторот претходно изјави дека засегнатото лице е санкционирано, во одговорот на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер поставено на оваа тема, ова не е истакнато. На дополнителното прашање од нашиот новинар, инспекторот потврди дека фрлачот не е казнет затоа што имал дозвола од општината.

Општинската инспекторка Анета Манчевска изјави дека депонијата Шутка во моментот само се „одржува“, бидејќи за нејзино потполно расчистување и оззеленување се потребни повеќе средства.

– Депонијата сигурно ќе се исчисти. Но, во Шуто Оризари нема само една депонија. Верувајте ми дека депонијата ќе биде исчистена, но за тоа се потребни повеќе финансии, и овој дел треба да се реши во иднина. Депонијата се одржува. Тоа значи дека од време на време сме имале акции. Имаше неколку камиони, кои беа натоварени со отпад којшто беше пратен во Дрисла – вели Манчевска.

До кога ќе трае фазата на „одржување“ на депонијата?

Средствата за расчистување на депониите низ земјава се распределени, но тие не се доволни за да се исчистат сите диви депонии, а дека дивите депонии во скопскиот регион и натаму ќе претставуваат проблем, потенцираше и премиерот Зоран Заев. Тој апелираше до нелегалните фрлачи во дивите депонии отпадот да го носат во депонијата Дрисла.

За решавање на овој проблем беше формирана координативна група, предводена од Државниот инспекторат за животна средина, со цел координирање на активностите помеѓу скопскиот градски инспекторат и инспекторатот на Шуто Оризари за расчистување на депонијата. Инспекторатите, претходно објавија дека нивните обврски се завршени, меѓутоа, бидејќи координативната група не обезбеди документ, ова тврдење не може да се потврди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....