fbpx

Регионална депонија во Дебарца нема да се гради

-

Второстепената владина комисија го поништи решението што предвидуваше во атарот на село Годивје во Општина Дебарца да биде избран за локација на која ќе се гради регионална депонија со постројка за третман на отпадот. Предметот повторно е вратен на разгледување во Министерството за животна средина и просторно планирање. Причина за ваквата одлука е тоа што не биле запазени законските процедури при донесување на документацијата во проектот за воспоставување интегриран систем за управување со отпад во Југозападниот плански регион.

– Министерството за животна средина и просторно планирање, според изјавата на Ана Петровска, државен секретар за животна средина и просторно планирање, се откажува од идејата село Годивје, општина Дебрца да биде локацијата за регионалната постројка за управување со отпад – напиша на својот фејсбук профил, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Петровска пак појасни дека ревидирана е студијата и напуштена е идејата што предвидуваше регионалната санитарна депонија да се гради во Дебрца.

– Ние ја напуштивме таа идеја за изградба на депонија во Годивје, дури ја анализираме можноста заради поекономично управување со отпадот таа дури и да не биде во сливот на Охридското Езеро, што всушност и беа заложбите на граѓанските организации – изјави таа.

Градоначалникот на Општина Дебрца истакна дека оваа победа има епска димензија, како за минатото, така и за еколошката иднина на Дебрца. Тој посочи дека општината останува посветена на нивните заложби Дебрца да остане чиста и незагадена, со заштитено светско природно и културно наследство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...