fbpx

Порталб: Започна изградбата на водоводната мрежа во Населбата 146 во Тетово, се очекува да заврши по изборите

-

Привршува неколкугодишното чекање на жители од Населбата 146 во Тетово да добијат вода за пиење. Три седмици пред почетокот на изборната кампања на 17 октомври по многу одложувања, започна изградбата на водоводната мрежа. Проектот е во вредност од 30 милиони денари, при што 13 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите од Општина Тетово. Се очекува работите, кои почнаа вчера, да завршат во рок од 90 дена, односно по локалните избори во октомври, пишува Порталб.мк.

Многу куќи и жители на Населбата 146 на Тетово, со години немаа вода за пиење, и поради тоа често реагираа дека општината треба да ги преземе неопходните мерки, но до вчера не беше преземено ништо.

Проектот вклучува изградба на близу 5 километри цевковод за дистрибуција на вода за пиење, во повеќе од 25 улици и улички во оваа населба, изградба на 24 дистрибутивни бунари и 8 хидранти за вода, со капацитет за дистрибуција од 20 л/сек.

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи рече дека овој систем ќе обезбеди вода за пиење за целата област и оваа населба.

На состанокот пред неколку години со жителите на оваа населба бевме замолени да направиме акумулациона база за вода, и ние ја изградивме. Потоа, Општина Тетово инвестираше во водоводната цевка, од системот за филтрирање во областа Лисец до акумулацијата, но за изградба и за да го завршиме ова ни беа потребни уште 13 милиони од Министерството за животна средина Ова беше потребно за да обезбедиме дистрибутивна мрежа, така што оваа вода која ја донесовме до акумулацијата, да стигне до домовите на граѓаните, рече Теута Арифи.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини рече дека проектот е во соработка со Општина Тетово кој вклучува зголемување на мрежата за 5 километри и дека ќе има капацитет од 19,5 литри вода во секунда.

Со ребалансот во 2020 година, понудивме поддршка за нови цевки во населбите Речица и Џепчиште или Порој, ако не се лажам. За пнатаму, имаме и други проекти со новиот заем за водовод и канализација што ние како МЖСПП ќе ги добиеме од Европската банка за инвестиции во износ од 15 милиони евра, при што исто така ќе ја поддржиме општина Тетово, објасни Нуредини.

Министерот за животна средина нагласи дека се при крај со комплетирање на документацијата за пречистителна станица на отпадни води и канализации,во Општина Тетово и дека чекаат согласност од ЕУ мисијата во Северна Македонијаза што поскоро отворање на тендерот за проектот да продолжи.

Инаку, работите на водоводната мрежа во Населбата 146 ги изведува компанијата Бибај и се очекува да бидат завршени во период од 90 дена од денес, проектот изнесува 30 милиони денари. Од нив, 13 милиони се пари од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...