fbpx
Таг: министерство за животна средина и просторно планирање

таг: министерство за животна средина и просторно планирање

Бернската конвенција бара да нема нови мали хидроцентрали, за дадените концесии ќе се одлучува поединечно

Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција. Конкретно, препораката се однесува за сите енергетски објекти кои добиле концесии, но сѐ уште не...

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува Министерството за животна средина и...

За труењето со арсенот во Кумановско институциите „перат“ раце и си ја префрлаат одговорноста

Илјадници граѓани од општините Липково и Куманово се трујат со арсен и други опасни материи расфрлани на две локации во Табановце и Лојане, а надлежните институции си ја префрлаат одговорноста за преземање на активности, со коишто барем ќе се заштитат најмладите и неинформираните за опасноста што го демне секој што ќе дојде во допир со расфрланиот арсен. Поаѓајќи од она...

Дождот и ветерот го намалија аерозагадувањето, од утре јавниот превоз во Скопје не е бесплатен

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е прекинат прагот на алармирање поради загадувањето на воздухот со ПМ-10 честички во Скопје и Струмица. „На ден 28.12.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје - Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и Струмица“, информираат од...

Воведен бесплатен јавен превоз и серија мерки поради аерозагадувањето во Скопје

Градот Скопје, поради аерозагадувањето, денеска воведе серија мерки за граѓаните, што ќе бидат на сила додека аерозагадувањето со ПМ-10 честички не се намали под 100 микрограми на кубен метар. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници, зајакнат инспекциски надзор, ограничување на градежните активности на објектите под надлежност на Град Скопје и интензивна контрола на градилиштата се само...

Надминат е прагот за алармирање од ПМ-10 честички во воздухот во Скопје и Струмица

Граѓаните дишат енормно загаден воздух изминативе денови, а институциите и политичките партии си ја префрлаат меѓусебно вината за аерозагадувањето во Скопје, но и во останаттие градови. Од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираа дека е надминат прагот на алармирање за суспендирани ПМ-10 честички во воздухот, поради тоа што во текот на два последователни дена е надмината вредноста...

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. По повод потпишувањето на Декларацијата, во Кабинетот се одржа тематска дебата, на која се...

Охридските власти со мерки за да спречат палења на депонијата „Буково“, затворањето ќе почека

Охридското јавно претпријатие „Комуналец“ постави фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на општинската депонија „Буково“, како и нова рампа за спречување на нелегалното влегување во кругот на депонијата лоцирана покрај патот Охрид-Ресен, информираат од охридската локална самоуправа. На локацијата веќе се поставени нови монтажни објекти за чуварската служба, а со фотоволтаиците ќе се обезбеди електрична енергија за непречено функционирање...

Чаир, Бутел и Шуто Оризари немаат станица што ќе го мери квалитетот на воздухот

Општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари, кои го сочинуваат целиот северен дел на главниот град, немаат ниту една мониторинг станица што ќе го мери квалитетот на воздухот на овие локации. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ), управуван од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се состои од 18 фиксни мониторинг станици низ...

Наместо договор, догодина нов тендер за изградба на пречистителните станици во Битола и Тетово

Наместо потпишување на договорите со најповолните понудувачи и почеток на изградбата, ревидирање на техничката и тендерската документација и распишување на нов меѓународен тендер. Ова е неславниот епилог од проектите за изведба на пречистителните станици за отпадни води во Битола и Тетово, за кои пролетва од централната власт беше најавено дека до крајот на 2021 година ќе се потпишат договорите...

Во август ќе започне изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје [инфографик]

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе започне да се гради догодина. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека проектот се наоѓа во тендерска фаза. Капиталниот објект за главниот град ќе треба да се гради покрај реката Вардар во местото Трубарево, а за неговата изградба се обезбедени 136 милиони евра од централната власт. „Во...

Илјадници жители од Кумановско четири децении се трујат со арсен и други отровни материи [фото]

Кумановските села Табановце, Лојане и Ваксинце со децении наназад се трујат со арсен и други опасни материи што се расфрлани на две локации покрај самата граница со Србија. На првата локација, во непосредна близина на железничката станица во Табановце, сместена е дивата депонија која содржини стотици тони јаловина од затворениот рудник за хром, антимон и арсен „Лојане“, којшто престанал да...

Лисиче е најопасно место за живеење во Скопје според загадувањето на воздухот [инфографик]

Нивото на загадување на воздухот во Скопје во текот на октомври и ноември годинава било помало во споредба со истиот период од 2020 година. Кај ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките актуелната есен се забележува тренд на нивно намалување, додека јаглерод моноксидот и азотниот двооксид се во рамките на дозволените вредности. Опсегот на мерење на квалитетот на воздухот во...

Општина Свети Николе без одговори околу изградбата на идната регионална депонија

Општинското раководство во Свети Николе се промени, а Мета.мк од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не може веќе неколку недели да добие одговори на прашањата во врска со изградбата на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Мета.мк испрати прашања до Општина Свети Николе за тоа до каде е постапката за изборот на нов директор на Јавното меѓу-регионално претпријатие...

Еко-свест со порака: Да се користат хартиени кеси и платнени торби

По бурните реакции во јавноста и денешното појаснување на министерот Насер Нуредини за укинувањето на пластичните кеси, со свој став излегоа и од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Тие во целост го поддржуваат стапувањето на сила на одредбите за забрана за користење на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, која почнува со примена...

Никако да започне чистењето на дивите и општинските депонии во Источниот и Североисточниот регион

Од март преку април до септември. Ова беа досегашните ветувања за почеток на чистењето на дивите и општинските депонии што се лоцирани во Источниот и Североисточниот плански регион. И по поминати неколку месеци, од Министерството за животна средина и просторно планирање нема прецизна информација за тоа кога официјално ќе почне затворањето на општинските депонии во 18-те општини од двата...

Нацрт-законот за Матка е готов, но сега се чекаат мислењата на новите градоначалници на Скопје и Сарај

Репрогласувањето на Матка како споменик на природата ќе почека додека новите градоначалници и совети на Град Скопје и Општина Сарај се запознаат со Нацрт-законот за репрогласување на кањонот Матка како заштитено подрачје - категорија III. Првичната верзија на законот, која е изработена во согласност со Законот за заштита на природата и Извештајот за проценка на влијанието на регулативата се...

Во Националниот парк „Шар Планина“ нема да смеат да се градат нови хидроцентрали, рудници, хотели и патишта

На целата територија на Националниот парк „Шар Планина“ нема да смее да се градат нови хидроцентрали, да се копаат рудници и да се прават геолошки истражувања, ниту пак ќе смее да се поставува инфраструктура за гасовод. Забрането во сите зони на управување ќе биде и одгледување на алохтони и инвазивни растенија и животни, предвидува Нацрт-планот за управување со Националниот...

Железото од велешка Топилница нема опасни материи, може да се сече и продава на отпад

Компанијата „Метрудхем“, која е сопственик на велешката Топилница, ќе може да продолжи да сече отпадни метални делови од некогашниот индустриски капацитет и да ги продава како старо железо. Во Елаборатот за заштита на животната средина, што компанијата во септември го доставила до Министерството за животна средина и просторно планирање, е констатирано дека, врз основа на анализата на хемиските катактеристики...

Депонијата „Русино“ и денес го труе Гостивар, жителите бараат селекција и рециклирање на отпадот (галерија)

На речиси 10 километри од центарот на Гостивар се наоѓа една од најголемите депонии во земјава. Екипата на „Мета.мк“ и „Порталб.мк“ еден дождлив октомвриски ден се упати кон депонијата „Русино“ и за многу кратко време успеа да сними шокантни сцени. Освен десетици кучиња и една жена со неколку деца, на оваа локација не можевме да најдеме ниту едно одговорно...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...