fbpx
Таг: министерство за животна средина и просторно планирање

таг: министерство за животна средина и просторно планирање

ЕУ бара да ги исполниме обврските, Владата Законот за клима планира да го донесе до крајот на годинава

Во 2021 година, Северна Македонија се охрабрува значително да ги засили амбициите кон спроведување на Парискиот договор за климатски промени, да ги донесе Законот за клима и Сеопфатната стратегија за климатска акција во согласност со Рамката на ЕУ 2030, како и да развие Национален план за енергетика и клима, се задолженијата кои ги добија македонските власти од Европската Комисија...

Половина година помина, дивите депонии во Источниот и Североисточниот регион не се исчистени

Депонираниот отпад на различни локации низ Источниот и Североисточниот регион од земјава сè уште чека на реализација на зелената агенда. Жителите на 18-те општини од двата региони чекаат да почне отстранувањето на општинските нестандардни депонии и ѓубриштата низ Источниот и Североисточниот регион во земјава, кое се најавува уште од почетокот на годинава. Институциите меѓусебно си ја префрлаат топката или...

Климатски промени: Рекордни отстапувања на просечните температури на воздухот во С. Македонија [инфографик]

С. Македонија се соочува со отстапувања од просечните средногодишни температури на воздухот со години наназад. Климатските промени со кои се соочува целиот свет се присутни и во земјава. Сепак, во 2019 година регистрирани се рекордни позитивни отстапувања на температурите во населените места. Скопје, Гевгелија и Лазарополе ги избравме како три локации (главен град, еден од најтоплите и еден од...

Започна санацијата на депонијата „Русино“, Нуредини очекува соработка од полошките општини

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со претставници од Центарот за развој на Полошкиот плански регион, оствари посета на депонијата „Русино“ во општина Гостивар, каде по издадената наредба од страна на министерот за животна средина, веќе се спроведуваат брзите мерки за санирање на последиците по животната средина од работењето на депонијата на постојната локација за...

Законот за дивоградби успеа два пати да дојде во Собрание, оние за управување со отпад чекаат половина година

Додека законот за легализација на дивоградбите успеа два пати во изминативе месеци да се најде на седница на Собранието на РСМ и Владата во последен момент го повлече на 29 мај, на власта и опозицијата во парламентот им треба повеќе од половина година за да го стават на дневен ред на собраниска седница сетот од шест закони за управување...

Колку повеќе трупаме отпад во природата, толку повеќе се оддалечуваме од ЕУ [инфографик]

Наместо да се приближува кон европските стандарди, С. Македонија од година во година сѐ повеќе заостанува зад земјите-членки на ЕУ во делот на управувањето со отпадот. Статистичките податоци покажуваат дека македонските граѓани и компании во континуитет го зголемуваат обемот на создаден комунален отпад, со којшто пак несоодветно се постапува од моментот кога ќе биде фрлено ѓубрето. Наместо да се...

Поднесена апликацијата за кредит за изградба на современи депонии за пет региони во земјава

Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање активно работат на обезбедувањето на неопходните финансии за обезбедување на современ третман на отпадот во земјава, во согласност со критериумите на ЕУ. Земјава ја поднесе апликацијата до меѓународните финансиски институции, со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) како водечки субјект, за добивање на кредит во висина од...

Охридско Езеро и Студенчишко Блато ќе бидат впишани како трето Рамсар подрачје во државата

Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсар листа, Македонија по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини:...

Чистењето на депониите во Источен и Североисточен регион со нов рок – работите ќе почнат кон средината на мај

Чистењето на ѓубриштата и нестандардните депонии во општините од Источниот и Североисточниот плански регион треба да започне кон средината на мај, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Работите за затворање на овие горливи точки што ја загадуваат животната средина е повторно одложена, а последното објаснување беше дека во првата тендерска постапка не била избрана...

На Шара мора да се зачуваат природата и традициите и да се развива еко туризам

Заштита на природата, биодиверзитетот и пејсажите, развој на планинските села и на еко туризмот, поттикнување на традиционалните активности на локалното население и транзиција во раководењето со шумите и пасиштата, се главните активности кои ќе треба да ги содржи идниот План за управување со националниот парк „Шар Планина“. На настанот кој денеска беше организиран од Регионалната канцеларија за Источна Европа...

Државата се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030

Министерството за животна средина и просторно планирање ја достави својата втора национална заложба за климатска акција пред Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (UNFCCC), со што се заложи да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030, споредбено со нивото од 1990 година. „Република Северна Македонија постави навистина амбициозни климатски цели за нашите Национални...

Скопскиот воздух во февруари и март бил позагаден од истиот период лани [инфографик]

Мерките што ги презедоа државните и општинските власти за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје се недоволни. Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање за аерозагадувањето на главниот град покажуваат дека зимава воздухот бил позагаден во февруари и март во споредба со идентичните месеци лани. „Мета.мк“ ги анализираше месечните извештаи за квалитетот на амбиентниот...

Владата го одобри планот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС

Владата на вчерашната седница го одобри планот за чистење на малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Пет децении откако илјадници тони линдан (канцероген инсектицид) се закопани во дворот на некогашниот хемиски гигант од времето на поранешна Југославија, се очекува конечно да започне неговото отстранување. Иако од Министерството за животна средина (МЖСПП) претходно најавија дека чистењето ќе започне до...

За еден месец одложен почетокот на чистењето на депониите и ѓубриштата во Источен и Североисточен регион

Наместо кон крајот на март, чистењето на нестандардните депонии и ѓубриштата лоцирани во општините од Источниот и Североисточниот плански регион ќе започне со задоцнување од еден месец. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ објаснуваат дека активноста доцни затоа што во првата тендерска постапка не била избрана компанија како најдобар понудувач, по што се повторила постапката за...

Донесувањето на законите за заштита на животната средина страда од блокадата на Собранието

Заштитата на животната средина во земјава страда од опозициската блокада на Собранието на РСМ. Иако беше предвидено да бидат донесени од пратениците до крајот на март, пакетот од шест закони за управување со отпадот не се знае кога ќе бидат усвоени од законодавниот дом. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека во моментов не...

За последната фаза од Програмата за зачувување на природата, обезбедени 1,9 милиони швајцарски франци

фото : МЖСПП
Меморандум за соработка за спроведување на последната, таканаречена Излезна фаза од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), потпишаа денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада. Документот треба да придонесе за одржливост на резултатите од ПЗП која се спроведува во изминатите 8 години. Главната цел е да се...

Пречистителните станици ќе ги исчистат реките од над половина од фекалиите што се влеваат во нив

По повод годинешното одбележување на Меѓународниот ден на водата 22.Март, „Мета.мк“ потсетува дека 2021 година е клучната година во која треба да се завршат тендерските процедури и конечно да отпочне реализацијата на долговетуваните пречистителни станици за отпадни води во Скопје, Битола и Тетово. Со нивната реализација, над 50 отсто од количеството на урбани отпадни води што ги создаваме како...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради во јуни 2022 година

Со неколку месеци одложување во однос на првичниот рок, наместо на крајот од 2021 година, пречистителната станица за отпадни води во Скопје би почнала да се гради во јуни 2022 година. До тогаш треба да се заврши изборот на најповолен изведувач на работите и надзорна компанија, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Тендерската постапка која...

Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање се акредитираше за тестирање на шест методи за квалитет на вода и една за бучава. Министерот Насер Нуредини информираше дека вчера државната лабораторија официјално го добила сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација. Во наредните фази е планирана и акредитација на...

Тендерската постапка започната, до крајот на годинава ќе се знае кој ќе ја гради регионалната депонија во Мечкуевци

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ информираат дека веќе е започната тендерската постапка за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и шесте претоварни станици во Источниот и Североисточниот плански регион во земјава. Регионалната депонија, каде всушност ќе се преработува 65 отсто од целокупниот отпад собран во 18-те општини од двата региона, ќе...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...