fbpx
Таг: министерство за образование и наука

таг: министерство за образование и наука

Родителите се клучен фактор за надминување на злоупотребите на онлајн наставата, велат од МОН

Злоупотребата на онлајн наставата од страна на учениците е еден од проблемите со кои се соочува моделот на учење од  далечина, со кој започна наставата на повеќето училишта во државата. Учениците анонимно ги споделија своите искуства од онлајн наставата, па евидентни се примери на различни злоупотреби, од спиење и играње игри за време на час, до следење на настава...

Ако наставникот не може да формира оценка онлајн, тогаш ќе треба да организира индивидуална средба со ученикот

Оваа учебна година при формирање на оценки за учениците ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование. Во случаите каде што од различни причини за еден ученик не ќе може да се формира оценка онлајн, наставникот ќе треба да се организира индивидуални средби, информираат од Министерството за образование и наука, додавајќи дека првите сумарни оценки за...

Ученици од Прилеп и годинава вклучени во проектот дуално образование

Ученици од две паралелки од средното стручно училиште „Ристе Ристески-Ричко“ од Прилеп, и годинава ќе бидат вклучени во проектот „дуално образование“ по германски терк. Учениците од две струки: техничари за индустриска мехатроника и за производно машинство, покрај редовната настава, ќе извршуваат и практична настава во прилепските компании: „Витаминка“, Гентерм“ и „ВИК“. „Оваа учебна година за профилот техничар за индустриска мехатроника...

МОН: 42 ученика и 65 наставници активни случаи на ковид-19, дел од нив имале настава со физичко присуство

Откако започна учебната година согласно денешниот ден, има вкупно 42 активни случаи на ковид-19 кај учениците и 65 кај наставниците. Од нив 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование, информираат од Министерството за образование и наука. „Од активните случаи во основните училишта, 7 од учениците и...

Ако има пари, медиумската писменост во образованието брзо ќе стане реалност

Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), медиумските организации и експерти сметаат дека воведувањето медиумска писменост во македонскиот образовен систем во скоро време е остварлива идеја. Таквата идеја беше промовирана од владеjачката партија СДСМ пред изборите, која предвидува примена на соодветни содржини во образовните предмети во основните и во средните училишта, почнувајќи од учебната 2021/2022 година. Медиумската писменост, според СДСМ,...

Како изгледа еден од часовите на платформата за учење на далечина: „Наставничке, некој ве мјутна“

Четири дена поминаа откако започна учебната година, во најголем дел преку националната платформа за учење на далечина. Предизвиците со кои се соочуваат учителите и учениците преку се секојдневни и бројни, но од она што досега може да се забележи е дека генерално, наставниците успеваат да се снајдат во целиот процес. Техничките пречки и проблеми се секојдневие во овој почетен период...

Вистиномер: Има разлика помеѓу 40 проценти и 40 илјади деца – постот е невистина

Наместо 40 илјади деца, постот де факто тврди дека 100 илјади деца нема да можат да следат онлајн настава, што не е точно, пишува Вистиномер. Пост објава на Фејсбук за онлајн наставата и вкупниот број деца што не можат да ја следат, зашто немале компјутери, е целосна невистина зашто станува збор за невистинити бројки, многу поголеми од реалноста. Во објавата се...

Неколку часа не функционира веб-страната на Министерството за образование и наука

На првиот ден од учебната година, веќе неколку часа не функционира официјалната веб-страна на Министерството за образование и наука. Од МОН засега нема официјално известување која е причината зошто веб-страницата не е во функција. Учениците, студентите, родителите, но и сите засегнати немаат увид во информации неопходни за учебната година кои се објавени на веб страната на МОН, како за распоредот...

По веста на „Порталб.мк“, наставните програми се преведени на албански јазик

Шест дена откако „Порталб.мк“ предупреди дека наставните програми за учебната 2020/2021 година не се преведени на албански јазик за илјадници наставници Албанци, Бирото за развој на образованието вчера ги објави истите и на албански јазик, пренесува „Порталб.мк“. Овие наставни програми или курикулуми, на коишто наставниците се базираат при креирањето на секој час, денес може да се најдат и на албански...

МОН ја стави во функција онлајн платформата за учење www.schools.mk

Министерството за образование и наука (МОН) од полноќ ја стави во функција веб-страницата на единствената национална платформа за онлајн учење www.schools.mk. На платформата веќе се достапни упатства за регистрирање на платформата, за начинот на функционирање на Office 365 и Microsoft Teams, како и за подготовка на лекции, квизови, домашни задачи и родителски средби онлајн. На веб-страницата се достапни и видео...

Започнува учебната година во време на пандемија: училиштата никогаш не биле почисти (галерија)

Дали се чисти подовите, дали има насоки за движење на подот, дали се чисти тоалетите, дали има доволно средства за дезинфекција... ова се само дел од нештата кои на терен деновиве, пред почетокот на новата учебна година, ги проверуваа државните просветни инспектори. Проверките се прават за да се провери дали училиштата кои бараат настава со физичко присуство ги исполнуваат...

Мила Царовска: Ковид-19 ни покажува зошто ни треба цврст образовен систем (видео)

Последиците од пандемијата со ковид-19 недвосмислено покажаа оти нашата држава треба да научи дека планирањето на инвестициите во образованието значат многу. Голем е предизвикот да се започне учебната година на ваков начин, со ресурсите кои и досега ги имаа училиштата, бидејќи екстра ресурси, нема. Ова во интервју за Мета го вели Мила Царовска, новата министерката за образование и наука...

Училиштето ќе треба да им обезбеди материјали за учење на децата што немаат компјутери

Пандемијата ни наметна нови правила на кои мора да се прилагодиме сите. Ова бара заштита на јавното здравје, но и учење во исто време. Понудивме комбиниран систем на настава, а за успешна реализација, се работи и онлајн платформа која скоро ќе биде презентирана, рече на денешната прес-конференција новата министерка за образование Мила Царовска, на која зборуваше и министерот за...

Наумовска: Учебната година да почне од 15 септември, а наставниот час да трае 30 минути

Министерството за образование и наука предлага наставниот час во основно образование да трае 30 минути, а во средно образование - 35 минути, вели заменичката-министерка за образование и наука Елизабета Наумовска во интервјуто за Мета во кое ги објаснува новите предлози на ова министерство. Сите овие предлози се веќе во завршна фаза и сега за нив треба да се усогласат...

Реактор: Мнозинството директори на училишта, наставници и родители се за настава во училница

Мнозинството анкетирани директори на училишта, наставници и родители се за повторно отворање на училиштата со настава во училница или комбиниран модел на настава во училница и учење на далечина. Ова се мислењата засновани на прелиминарните резултати од истражувањето „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“ реализирано од страна на Министерството за образование и...

Родители бараат онлајн настава, МОН децидни – од септември ќе се учи во училница

„Поддршка за онлајн настава во учебната 2020/2021 година“ е името на групата на Фејсбук, која брои околу 3.500 членови, а која деновиве „врие“ од коментари поврзани со стартот на новата учебна година. Многумина родители најавуваат дека нема да ги пуштат децата на училиште бидејќи како што велат, здравјето им е приоритет. Сепак, и покрај барањата наставата да се изведува...

Наставата во училница е неопходна, се подготвуваат правила за работа на училиштата

Во едни училишта во државата има подобри просторни услови, во други полоши. Некаде има многу голем број на ученици, па ќе мора да се воведе учење во смени, а во други пак, има помали паралелки и нема да има потреба од смени. Затоа, наставата со физичко присуство ќе се одвива на различен начин во различни училишта, но важно е...

Групата АнонОпсМКД ги хакна веб-страните на министерствата за здравство и образование

Од Министерството за здравство информираат дека е хакирана нивната веб-страна, а во моментов не функционира и сајтот на Министерството за образование и наука. „Хакирана е и во моментов не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата“ соопштија од Министерството за здравство. Како што велат оттаму, во моментов се истражува што точно се случило. Одговорноста за...

МОН објави листа со даватели на обуки за дигитални вештини за владините ваучери

Министерството за образование и наука (МОН) ја објави листата на даватели на обуки за дигитални вештини, преку која младите до 29 години ќе можат да се информираат каде би можеле да ги искористат ваучерите во вредност од 30.000 денари што им беа доделени со уредба од Владата на РСМ. На листата на МОН објавени се давателите на обуки, видот на...

„Метаморфозис“ предлага продолжување и продлабочување на консултациите за Концепцијата за далечинско образование

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, одговорајќи на јавната покана од Министерството за образование и наука (МОН) за Јавна консултација за нацрт верзијата на Концепцијата за далечинско образование, објави стручно мислење врз основа на своите досегашни искуства и специјалистичка експертиза во областа на ИКТ и образованието. Најнапред, „Метаморфозис“ смета дека дадениот рок до 10 јули е прекраток и предлага тој...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...