fbpx
Таг: министерство за образование и наука

таг: министерство за образование и наука

За МОН прифатлив е компромисот за државната матура

Прифатливо е компромисното решение за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци, соопшти Министерството за образование и наука. Оттаму уверуваат дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, пришто ниту еден од нив нема да биде оштетен, а државата го задржува стандардот од два екстерни и два интерни испити. „Уште утре Матурскиот одбор...

Меѓународен ден на научничките: МОН ќе ја унапредува поддршката за талентирани ученици

По повод Меѓународниот ден на девојките и жените научнички, 11 февруари, Министерството за образование и наука (МОН) го честита денот и се приклучува кон неговото глобално одбележување. Како што велат од ресорното министерство, нивните главни заложби и приоритети се да создаде образование преку кое секое дете ќе ги достигне својот полн потенцијал и ќе ги развива своите афинитети, но...

Контраспин: Јаневска спинуваше дека сексуалното образование ќе биде предмет од второ одделение

Извртувањето на вистината дека како изборен предмет сексуалното образование ќе се нуди од второ одделение во идниот реформиран систем на образование, што МОН го има зацртано од наредната учебна година, беше повод за редица шпекулации во јавноста изминатите неколку дена, пишува Вистиномер. Претседателката на комисијата за образование при ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Весна Јаневска, гостувајќи на Сител ТВ, ја коментираше Концепцијата...

Лажна вест е дека има учебници за второ одделение со содржини за сексуално образование, велат од МОН

Министерството за образование и наука ги демантираа информациите проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Како што појаснуваат од МОН, прикажаните текстови и илустрации кои се додаваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни...

Сојузот на средношколци го продолжува бојкотот на наставата, МОН вели дека тоа е „неоправдано“

По вчерашната одлука на Сојузот на средношколци и следнава седмица да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите, денеска реагираше Министерството за образование и наука, кое порача дека барањата се неприфатливи, а бојкотот е неоправдан и е на штета на матурантите. Од Сојузот бараат на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин...

МОН планира да отвора нова образовни профили според потребите на компаниите

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти оти почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и МОН, градоначалниците и компаниите ќе...

Дел од средношколците продолжуваат со бојкот на наставата, МОН вели матурата ќе се одржи

Бојкотот на онлајн наставата на дел од средношколците во земјава продолжи и денеска, при што Министерството за образование и наука (МОН) и Сојузот на средношколци не отстапуваат од своите позиции. Од МОН информираат дека министерката Мила Царовска денеска одржала онлајн состанок со директорите на средните училишта, на кој е донесен заклучок дека МОН има законска обврска да ја организира...

Сојузот на средношколци најави бојкот на наставата од второто полугодие

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија соопшти дека заедно со матурантите ќе ја бојкотира наставата од второто полугодие која започнува во четврток, 21 јануари, се додека нивните барања не бидат прифатени од образовните институции. Тие бараат на државната матура да има испити по два предмети, по примерот на Франција, со што задолжителен прв предмет да биде мајчин јазик (македонски,...

МОН: Објавени се дополнителни конкурси за ученички и студентски стипендии за 2020/2021 година

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека објавени се дополнителни конкурси за доделување на преостанатите ученички и студентски стипендии кои останаа недоделени по завршувањето на првично објавените конкурси за учебната, односно академската 2020/2021 година. Конкурсот за доделување на стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија...

МОН го објави конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ во 2021 година, која се доделува за научна книга или дело објавено во 2020 година. За наградата со која се оддава општествено признание за особено значајно остварување од интерес на С. Македонија во областа на науката, право на конкурирање имаат автор или група автори на дела што се одделно објавени,...

Од 58 држави, на 45 место сме во математичка писменост и на 51 место во природни науки

Од 58 држави, Република С.Македонија е на 45 место во математичка писменост, а во природни науки сме подолу рангирани, односно од 58 држави учеснички, државата е на 51 место, покажуваат резултатите од меѓународното ТИМСС тестирање спроведено во 2019 година, соопштија од Министерството за образование и наука. „Во математичка писменост најдобри постигања на тестирањата има Сингапур, па Хонг Конг, Кина, Јапонија....

Сојузот на средношколци бара наместо четири да се полагаат два предмета на државната матура

Едно од нашите барања во врска со државната матура е да се намали бројот на предметите кои се полагаат. Од четири, предлагаме учениците да полагаат два предмета. Второто барање се однесува на материјалот што се учеше преку далечинско учење кога започна кризата, односно истиот да не биде вклучен во државната матура, изјави денеска Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на...

Специјалните училишта за децата со попреченост ќе станат ресурсни центри до 2023 година

Образовните асистенти во учебната 2021/2022 ќе бидат финансирани од Буџетот и сместени формално во образовниот систем. Со носење на јасни упатства се овозможува трансформацијата на специјалните училишта во Ресурсни центри за поддршка на регуларните училишта да заврши навремено, до 2023 година. Исто така, на последната владина седница, по барање на МОН, е зголемен бројот на стипендии за да сите...

Со обука на наставниците започна пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование

Од денеска започнува обуката на наставници од четири основни училишта во земјава за сеопфатно сексуално образование (ССО), откако претходно Владата ја усвои информацијата за пилотирање на програмата за ССО, која ќе се спроведува во четири училишта во Скопје и во Тетово, во урбана и рурална средина „Обуката за наставници е првата фаза од воведувањето на сексуалното образование во формалното образование....

Правилник за онлајн настава: За недолично однесување ќе се отстрануваат учениците од час и ќе добијат неоправдан изостанок

Ако ученик, за време на онлајн час се однесува вулгарно и недолично, односно дискриминира или користи непристојни зборови, вербално напаѓа и навредува соученици и наставник или пак, ако поттикнува електронско насилство и испраќа вознемирувачки коментари, ќе биде отстранет од часот и ќе добие неоправдан изостанок. Ова е наведено во Правилникот за однесување на наставниците и учениците за време на...

Царовска: Со буџетот на МОН за 2021 предвиден е бесплатен студентски оброк, а стипендиите ќе се делат секој месец

Денеска на прес-конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска го презентираше буџетот за 2021 година предвиден за Министерството за образование и наука кој изнесува 31 милијарди и 100 милиони денари, што претставува зголемување за 1,1 милијарда во споредба со минатата година. „Најголемиот дел од средствата, над 90 проценти се насочени кон подобрување на образовниот систем и условите во кои...

МОН: Државната матура ќе се одржи во јуни, а испитните програми ќе бидат со скратени содржини

Државната матура за средношколците ќе се одржи во предвидениот законски рок, односно во јуни 2021 година. Учениците од четврта година до крајот на месецов треба да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање, која што е проширена со уште нови два предмета, соопшти Министерството за образование...

Матурските задачи кои може да бидат дигитални, видео и уметничко-сценски изведби да се пријават до 30 ноември

Срeдношколците од четврта година, најдоцна до 30 ноември годинава да пријават тема за изработка на матурска проектна задача, а пријавувањето да го направат во своите училишта. Од годинава, покрај стариот модел на реализација на проектната задача се воведуваат и нови можности за реализација на истата базирани на интересите на учениците и на глобалните трендови во образованието, културата и социјалниот живот на...

МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии со дополнителни нови категории за технички струки

Од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок за поднесување на документите е 9.11.2020 година, информираат од Министерството за образование и наука. Новина во процесот на доделување ученички стипендии оваа година е тоа што на сите кандидати им се дава можноста да...

Поради ковид-19, Царовска смета актуелниот модел на настава да остане до крајот на учебната година

Од почетокот на учебната година до денес за 18 отсто е зголемен процентот на ученици што следат онлајн настава, соопшти денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, потенцирајќи дека двонасочната комуникација помеѓу учениците и наставниците преку ИТ опрема се одвива солидно. „Наставниците ги стекнаа потребните вештини, а учениците пак стекнаа навика за присуство на онлајн настава. За еден месец...

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...