fbpx
Таг: министерство за образование и наука

таг: министерство за образование и наука

Директорот на Државен студентски дом вели дека сите сметки за вода се платени

Невистина се тврдењата на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје дека Државниот студентски дом „Скопје“ (ДСД) или Министерството за образование и наука не ги плаќале сметките за вода, реагираше Атанас Бојчев, директор на ДСД. Јавното претпријатие, откако вчера Бојчев обвини дека неосновано ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, реагираше и порача дека тоа се случилоа поради неплаќање...

„Водовод и канализација“ демантира: Многу сметки на студентскиот дом не се платени

ЈП Водовод и канализација- Скопје ја демантираше изјавата на директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, дека претпријатието без предупредување ја сопрело водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ денеска, велејќи дека тоа се случува поради неплаќање сметки во последните пет месеци и поради неподмирување на долгот од претходно. „Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири...

Поради неплатен долг сопрена водата во студентскиот дом „Кузман“

Водата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ во Скопје била сопрена утрово од ЈП „Водовод и канализација“, иако на претпријатието му било кажано дека е најдено решение за да се покрие долгот за вода, соопшти Државен студентски дом „Скопје“. Според в.д. директорот Атанас Бојчев, водата била сопрена без предупредување. - Постапката на ова јавно претпријатие е без оправдување, со оглед...

Омбудсманот реагира на забраната ученички со шамии да следат настава

Народниот правобранител денеска соопшти дека ја осудува постапката на Министерството за образование и наука кое, како што се наведува во реакцијата, со допис му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и единство“ во Охрид да им забрани на ученички да посетуваат настава затоа што носеле шамија на главата. Омбудсманот бара веднаш да се повлече ваквата одлука и на ученичките да...

МОН ги проширува квотите за упис во „Орце Николов“ и во „Раде Јовчевски-Корчагин“

Министерството за образование и наука соопшти дека се проширува квотата за запишување ученици во прва година во скопските гимназии „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“. Во гимназијата „Орце Николов“ МОН ја проширува квотата за една паралелка и дозволува упис на сите ученици кои постигнале најмалку успех од 74,68 поени, а аплицирале во првиот уписен рок, на првото пријавување. Во гимназијата „Раде Јовчевски...

ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

„Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за образование и наука. „Обврските се...

Министерство за образование: Екстерното тестирање е укинато

Со објавувањето на трите закони за измена на законите за основното образование, за средното образование и за наставниците во основното и во средното образование во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67 од 1 јуни 2017 година, екстерното тестирање во Македонија е укинато и нема да се спроведува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). „Сите почнати постапки во врска со...

Три паралелки на албански јазик се отвораат во средните училишта во Битола

Владата отвора двојазични паралелки во две средни училишта во Битола. Според конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2017/2018 година во Република Македонија, објавен во март годинава од Министерството за образование, во Битола се отвора можност 102 ученика образованието да го стекнат на албански јазик. Две паралелки на албански јазик се отвораат во средното општинско училиште „Таки...

МОН: Распустот продолжен до 23 јануари, деновите ќе се одработуваат во сабота

Министерството за образование и наука (МОН) ја прифати мерката на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за продолжување на зимскиот распуст за учениците, поради состојбата со грипот. Со ова, и официјално, второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари, ќе почне на 23 јануари.­ „Врз основа на сиот ризик што постои од грипот, предложената мерка е...

МОН со грант од 700.000 евра ќе финансира проекти меѓу средни училишта и фирми

Министерството за образование и наука (МОН) почнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра чија цел е поврзување на јавните стручни средни училишта со малите, средни и големи компании во земјава, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Програмата се спроведува во соработка со Светската банка преку „Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, а...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...