fbpx
Таг: министерство за образование и наука

таг: министерство за образование и наука

Многу дилеми носи новата учебната година за штипските стручни училишта

На три недели пред почетокот на учебната година, средните стручни училишта во Штип немаат информација дали ќе работат по новата реформирана програма. Од досегашните информации се знае дека ќе преовладуваат практични часови, во сооднос два практични спрема еден теоретски час. Меѓутоа, засега нема детали каде би се одвивале практичните часови - во училиште или во реалниот бизнис сектор. Ако би...

Книгите од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови“ и натаму скапуваат во магацините

Помина една година откако „Порталб.мк“ откри дека илјадници книги од проектот „Превод на 1050 стручни и научни наслови од странски автори“ се наоѓаат во магацините на Министерството за образование и наука во Гостивар. Истата судбина ја имаат и книгите финансирани од Министерството за култура. Иако власта вети дека книгите ќе се дистрибуираат по институции, и по една година книгите сè...

Наставниците во е-дневникот мора да ги внесат само изостаноците и оценките

На помалку од еден месец до крајот на учебната година, наставниците мораат да си ја исполнат законската обврска да водат двојна педагошка евиденција. Сѐ што пишуваат во пишаните дневници треба да внесат и во електронските. Од Министерството за образование и наука (МОН), за „Мета“ информираат дека пополнувањето на електронскиот дневник е обврска на наставниците регулирана со закон, но дека овојпат...

Адеми: Пет отсто повисоки плати за наставниците од септември 

Во 2019 година, вкупно за образование ќе се трошат 26,1 милијарда денари, што е зголемување на буџетот за седум отсто повеќе од лани. Парите ќе се трошат меѓудругото, и за повисоки плати за наставниците, информира на брифинг со новинарите денеска министерот за образование и наука, Арбер Адеми. - Минатата година имаше зголемување на платите за пет отсто, а за уште...

„Порталб“: Министерството за образование не кажува каде ги троши народните пари

Министерот Арбер Адеми и Министерството за образование и наука се нетранспарентни, не ги почитуваат барањата на медиумите, а со тоа и правото за информирање на населението, со чии пари се плаќаат и вработените и министерот Адеми, пишува „Порталб“. МОН немаше јавна презентација на буџетот и планираните инвестиции за 2019 година, и иако повеќе од два месеци „Порталб“ го барал овој...

Инспекторатот констатирал неправилности во „Пенко“, МОН и Општина Бутел не преземаат ништо

Ниту Министерството за образование и наука (МОН) ниту Општина Бутел не ја почитуваат одлуката на Просветниот инспекторат, кој констатирал прекршување на законот во основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“ во општина Бутел. Двете институции ќе ги остават учениците во пренатрупани училници, а никој не поднесува одговорност за оваа состојба, пишува „Порталб“. По алармирањето од страна на овој новински сајт за...

Училиштето во село Лажец руинирано, се бараат донации

Почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта, подрачното основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Лажец го дочека со истата ужасна слика - објектот е руиниран, а покривот само што не паднал, известува „Порталб“. Во училиштето во селото на околу километар и пол од грчката граница, во кое живеат и Македонци и Албанци,  учат 20 ученици. Граѓанското...

Распустот нема да продолжи, од утре сите на школо

Министерството за образование и наука соопшти дека од утре учениците се враќаат на настава. Распустот беше два дена продолжен поради загадувањето на воздухот. „Согласно препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а имајќи ги во предвид и препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, Министерството за образование и наука информира дека...

Поради загадувањето, распустот продолжен до утре

Поради зголеменото загадување на воздухот, зимскиот распуст на сите ученици од државните и приватните основни и средни училишта е продолжен до утре, соопшти заменик-министерот за образование Петар Атанасов. Првиот работен ден во второто полугодие ќе биде среда. Одлуката е донесена од Министерството за образование и наука во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство. -Во овој...

Се спремаат законски измени вакцините да станат услов за упис на училиште

Државата ги разгледува сите правни аспекти и законски одредби за вакцинацијата како задолжителен услов за запишување во градинка и училиште. За „Мета“, во Министерството за здравство (МЗ) објаснуваат дека поради одредени отстапки, во моментов и децата што не се вакцинирани се примаат во училиште, но тоа не смее да продолжи како практика. - Со оглед на фактот дека повеќе години...

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС. „Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе...

Изградбата и реновирањето на училиштата е во надлежност на МОН, вели Елези

Во врска со училиштата во кои недостасува простор, и некои други каде што е потребно вработување нови наставници, од Министерството за финансии прстот го насочуваат кон Министерството за образование и наука и велат дека ова министерство во својот буџет мора да испланира средства за инвестиции во училиштата, известува Порталб.мк. Заменик-министерката за финансии Ширете Елези вели дека училиштата и општините со...

Министерството за финансии даде согласност за нова паралелка во ОУ „Имри Елези“”

По веста објавена за преоптовареноста со ученици во основното училиште „Имри Елези“ во скопската населба Дижонска, каде во три паралелки од прво одделение учат 108 ученици, со што се прекршува законот за образование, Министерството за финансии извести дека е дадена согласност за отворање нова паралелка и решавање на овој проблем. Заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, за „Порталб.мк“ изјави дека...

ОУ „Исмаил Ќемали” e преоптоварено со ученици и со недостиг на простор

Основните училишта „Имри Елези” и „Петар Здравковски-Пенко“ во скопските општини Чаир и Бутел не се единствените што имаат проблем со преголемиот број на ученици. Уште еден случај на прекршување на законот откри редакцијата на „Порталб“ во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во населбата Топанско Поле. Во ова училиште речиси сите паралелки се многу блиску до законски утврдената граница за дозволен број...

МОН знае за состојбата во „Имри Елези“, барањето е испратено во Финансии

Министерството за образование и наука (МОН) потврдува дека знае за моменталната состојба со прекршувањето на законите во врска со првоодделенците во основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир и вели дека се во очекување на позитивен одговор од страна на Министерството за финансии. Во ова училиште во населбата Дижонска годинава се запишани 108 првоодделенци, кои се поделени во три паралелки,...

МОН: Дистрибуирани учебниците за основно, средношколците ќе ги добијат до 15 октомври

Учебниците за основно образование кои се откупени од издавачките куќи, ги испорачуваат до училиштата, а дистрибуцијата заврши минатата недела, информираат во Педагошката служба при Министерството за образование и наука. - Испораката на учебници за средно образование пак, очекуваме да заврши до средината октомври. Во процесот на испорака на учебници, им укажуваме на училиштата да внмаваат на роковите за пополнување на...

Немало организирано верско делување во училиштата, утврди Просветниот инспекторат

Државниот просветен инспекторат утврдил дека немало организирано верско делување во основните училишта за бадникарските поворки во кои учествуваа голем број на деца. Инспекциите ги побара Министерството за образование и наука со цел да се утврди дали се нарушени начелата на секуларизам при организација на децата за учење на бадникарските песнички, изработка на иконографија за празникот и други активности. Инспекторатот констатирал дека...

МОН ќе испитува дали има верско организирање и дејствување во училиштата

Начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата, а за расчистување на какво било сомневање околу прекршување на законските одреди од областа на образованието, Министерството за образование и наука утре ќе побара од Државниот просветен инспекторат да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата, велат од МОН по реакциите во јавноста за учеството...

Конкурс на МОН за доделување 2.890 стипендии за студенти

Министерството за образование и наука за академската 2017/2018 година ќе додели вкупно 2.890 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи. Ќе бидат доделени 1.500 стипендии за студенти од социјални категории, како и 630 стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето. За студентите запишани на студиските програми...

МОН почна со подготовка на новиот закон за високо образование со фокус на реформите

Министерството за образование и наука (МОН) денеска почнува со подготовка на новиот закон за високо образование, кој е дел од реформските процеси на Владата. Како што се наведува во известувањето за почеток на процесот за подготовка на законот за изменување и за дополнување на Законот за високото образование, целта на на овој закон се „суштински реформи во Законот за високото...

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....