fbpx
Таг: министерство за образование и наука

таг: министерство за образование и наука

Порталб: МОН гарантира дека училиштата ќе обезбедат книги за учениците кои сакаат да учат од печатени книги

Во новиот предлог-закон на Министерството за образование и наука (МОН), кој е достапен на ЕНЕР, со кој се предвидува дигитализација на книгите, никаде не пишува дека учениците од четврто одделение во основното училиште имаат можност да изберат дали ќе учат со дигитални или печатени книги, и покрај фактот што тоа го најави министерката Мила Царовска. Ова предизвика забуна и...

Од септември во средното „Михајло Пупин“ ќе има дуални паралелки за електротехничар и електромеханичар

Во рамки на наставната програма во „СЕТУ Михајло Пупин“, од септември започнуваат две нови дуални паралелки во профилите Електротехничар – Енергетичар и Електромеханичар. За таа цел, денеска е потпишан договор за соработка со АД Електрани на Северна Македонија, ЛИБЕРТИ АД Скопје, Раде Кончар Контактори и релеи доо и МАСАК СОЛУТИОН ДОО, кои ќе дадат поддршка за формирање на дуалните...

Промовирана Националната платформа за електронски упис на првачиња во учебната 2021/2022 година

Денеска во ООУ „Вера Циривири – Трена“ во Општина Карпош беше промовирана Националната платформа за електронски упис на првачиња за новата учебна 2021/2022 година. Од идната година, родителите ќе имаат избор дали да ги запишат своите деца преку електронскиот упис или тоа да го направат директно во училиштата преку хартиена форма. „Родителите ќе можат тоа да го направат и онлајн...

ДИЦ: Обврските од договорот за државна матура ќе бидат исполнети во целост

Денеска Државниот испитен центар (ДИЦ) информираше дека обврските произлезени од заедничкото решение на Владата на РСМ и Сојузот на средношколци за спроведувањето на државната матура, ќе бидат исполнети во целост од надлежните институции и образовните установи, откако Сојузот на средношколци реагираше дека во дел од средни училишта не се почитува договорот. „Насоките наведени во известувањето кое ние како надлежна институција...

Дигитализацијата е неопходна и се унапредува, но треба да се работи и на зголемување на свеста за неа

Дигитализацијата е важна не само сега, во услови на криза туку и во иднина, а унапредувањето на медиумската писменост и дигиталната трансформација ќе биде исклучително важна. Ова е генералниот заклучок од денешната конференција на тема „Дигитализација на услугите во областа на образованието“ во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП). На настанот, министерката за образование и наука, Мила Царовска...

Порталб: Студентскиот дом во Тетово ветен во 2016 година е пред завршување (ФОТО)

Министерството за образование и наука не дава конкретен датум кога ќе заврши изградбата на студентскиот дом во Тетово, а новинарот на Порталб.мк беше на местото каде што се гради објектот и потврди дека работите се речиси завршени. Според договорот, работите мора да бидат завршени за најмногу уште 3 месеци. Станува збор за студентски дом со вкупно 305 легла, пишува...

Изработката на новите наставни програми за првачињата е во завршна фаза, соопшти МОН

Учениците од прво одделение новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови наставни програми согласно новиот концепт за основно образование чија изработка е веќе во завршна фаза, а веднаш по нивното усвојување ќе следат обуки за наставниците, кои ќе се реализираат преку три модули во текот на мај, јуни и август, информираат од Министерството за образование и наука...

Порталб: Чинеа милиони евра, а дел од преведените книги од владата сè уште скапуваат во магацини

Значаен број на книги од два проекти, едниот на Министерството за образование и наука и другиот од Министерството за култура и понатаму „скапуваат“ во магацините на овие институции, голем дел од нив во Гостивар. Од МОН информираат дека дел од книгите се дистрибуирани во различни институции, но не сите и ова се оправдува со фактот дека станува збор за...

Реконструиран студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола со адаптирани услови за студенти со попреченост

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека е реконструиран студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, каде што за првпат се адаптирани услови за студентите со атипичен развој. Министерката за образование и наука, Мила Царовска при денешната посета на студентскиот дом појасни дека пред неколку седници Владата ја усвоила информацијата за отварање на програма за инвестирање во сите студентски домови...

Од идната учебна година учениците од средните стручни училишта ќе добијат стипендии до 3.500 денари

Министерството за образование и наука (МОН) за наредната учебна година обезбеди фонд од околу 60 милиони денари за 2.200 стипендии за ученици од прва година во средните стручни училишта. Со овој фонд, предвидено е 1.500 ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите...

Системски се воведува услугата образовен асистент која ќе се финансира преку Буџетот на државата

Донесени се сите подзаконски акти кои се однесуваат на услугата образовна асистенција, со што таа за првпат системски се воведува и ќе се испорачува согласно Законот за основно образование. Услугата ќе се финансира од Буџетот на РСМ, односно преку Буџетот на МОН за 2021 година, за што се обезбедени финансиски средства во висина од 59 милиони денари, соопшти денеска...

Дезинформација е дека на партиските избори се гласаше во училиштата, велат од МОН

Министерството за образование и наука (МОН) ги отфрли како невистинити информациите дека на внатрепартиските избори кои се одржаа во неделата, а на кои се бираше претседател на Социјалдемократскиот сојуз, гласањето се одвивало во училиштата. Станува збор за груба, намерна манипулација и дезинформација, велат од МОН. „Не се гласало во ниту едно училиште на територијата на Република Северна Македонија“, додаваат оттаму потенцирајќи...

МОН: Учебникот по географија за втора година гимназиско образование повлечен од употреба

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование. Министерката Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата, со кое спорниот учебник се повлекува од настава. „Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат со дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата....

Во една просторија државна матура ќе полагаат 15 ученици, пред влез во училиштата ќе се мери температура

Министерството за образование и наука (МОН) го објави протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура која ќе се одржи на 5 јуни. Со него е предвидено при влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете. Задолжително...

Царовска: Засега не се предвидени нови мерки во училиштата бидејќи таму нема ширење на заразата со ковид-19

Состојбата во училиштата е стабилна, нема ширење на заразата со ковид-19, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска на новинарско прашање поврзано со предвидени нови заштитни мерки од корона вирусот, имајќи ја предвид актуелната состојба во државата. „Сите протоколи се спроведуваат, немаме интерно ширење на заразата и засега не се размислува за нови мерки во училиштата“, рече министерката. Меѓу...

Обновена спомен-собата на Крсте Мисирков

Денеска е отворена обновената спомен-соба на Крсте Мисирков која содржи документи и фотографии, дел во електронска форма, кои сведочат за животот и образовната, научната, дипломатската и револуционерната активност на првиот кодификатор на македонскиот јазик. Посебно место во поставката зазема книгата „За македонцките работи“, објавена во 1903 година. „Отворањето на подновената Спомен-соба на Крсте Мисиркове е навистина значаен настан не само...

Проектот за енергетска ефикасност на студентските домови ќе чини 24 милиони евра

Проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, ќе чини околу 24 милиони евра, а рокот за реализација на овој проект е 2025 година, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамет Хоџа на новинарско прашање на Мета.мк. „Средствата за овој проект за 2021 година се предвидени во предлог буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука“ изјави...

МОН ги повикува средните стручни училишта да се пријават за грант на германската развојна банка

Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува средните стручни училишта и компаниите да се пријават на повикот за грантови на германската развојна банка за опремување на работилници и лаборатории неопходни за реализирање на практична настава и дуално образование, преку Регионалниот фонд за предизвици. Средствата ќе можат да се употребат за реализација на проекти поврзани со набавка на опрема, обуки...

Сите учебници за основно и средно образование ќе се прегледаат, почнувајќи од учебникот по географија за втора година

Во согласност со Законот за учебници за основно и средно образование, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование, за ова се согласија првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за образование и наука, Мила Царовска...

Државниот матурски одбор го прифати предлог-моделот за државната матура

Државниот матурски одбор го прифати предлогот државната матура да се состои од четири испити, односно два екстерни и два интерни и проектна задача, информираше Министерството за образование и наука. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција. „На денешниот онлајн состанок, министерката за образование и наука, Мила Царовска и претставниците на одборот, меѓу кои и претставници од Бирото...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...