fbpx

Царовска: Со буџетот на МОН за 2021 предвиден е бесплатен студентски оброк, а стипендиите ќе се делат секој месец

-

Денеска на прес-конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска го презентираше буџетот за 2021 година предвиден за Министерството за образование и наука кој изнесува 31 милијарди и 100 милиони денари, што претставува зголемување за 1,1 милијарда во споредба со минатата година.

„Најголемиот дел од средствата, над 90 проценти се насочени кон подобрување на образовниот систем и условите во кои се одржува наставата. Се издвојуваат една милјарда денари за капитални инвестиции, два пати повеќе од претходната година со кои ќе се обезбеди подобар образовен процес за околу 100.000 ученици и студенти и наставен кадар,“ изјави министерката, додавајќи дека буџетот ги одразува заложбите на министерстото, приоритетите во образованието и науката и е насочен кон сериозни инвестиции.

Она што е клучно, за првпат, еден од основните критериуми на конкурсот на капитални инвестиции во МОН ќе биде пристапноста. Царовска посочи дека главниот услов МОН да поддржи одреден проект е или тој да е достапен за лица со попреченост во моментот или да предвидува инвестиција за постапување на одредени елементи коишто се потребни за објектот да стане достапен. Освен ова, за првпат преку Буџетот на министерството ќе се издвојат 54 милиони денари за ангажирање на образовни асистенти.

Министерката најави реконструкција на основни и средни училишта секаде низ државата, реконструкција на студентсктие домови и јавните установи за високо образование, како и градење спортски сали.

„Во рамки на капиталните инвестиции предвидена е и целосна адаптација на три регионални ВЕТ центри или центри за стручно образовани и тоа во Охрид Тетово и Куманово, со кои ќе се даде нова димензија на стручното образование и ќе се поттикнат младите да се стекнат со вештини потребни на пазарот за труд,“ додаде Царовска.

Таа истакна дека предивдени се 900 милиони денари за стипендии за ученици и студенти, и исто така исплата на бесплатен студентски оброк со што ќе се опфат 50 илјади млади. Министерката потенцираше дека од декември започнува нова динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии.

„Средствата ќе се исплаќаат секој месец како што следува, она што не беше случај претходно. Дополнително, годинава се дигитализира процесот на добивање стипендии со што се олеснува процесот,“ потенцираше Царовска.

Во врска со вложувањата во наставниот кадар, министерката вели дека се предвидени 122 милиони денари за блок дотации, со кои во континуитет ќе се обезбеди исплаќање на платите, исплаќање на прекувремените часови како и хигиенски средства и дел од опремата за онлајн настава. Таа исто така посочи дека ќе се воведе и кариерен развој за наставниците, како и предвидени се средства за исплата за минат труд во високото образование.

На новинарско прашање дали ќе се разгледа опцијата, распустот за учениците да започне порано односно на 15 декември, Царовска рече дека засега нема ширење на вирусот во училиштата, со што овој предлог е неаргументиран. Во моментов, како што рече таа, заразени со ковид-19 се 79 ученици, што е помалку од 0,06 отсто од вкупниот број ученици и 148 наставници, односно помалку од 1 отсто од вкупниот број на наставници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...