МОН планира да отвора нова образовни профили според потребите на компаниите

Фото: Влада на РСМ

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти оти почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година.

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и МОН, градоначалниците и компаниите ќе разговараат за дизајнирањето на наставните програми и уписните политики во средните стручни училишта.

МОН соопшти оти е веќе направена анализа за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и подготвеноста за соработка на компаниите со средните стручни училишта на локално ниво. Во анализата учествувале 450 компании од целата земја.

Првите средби од директниот дијалог ќе се одржат утре во Свети Николе и Штип. На средбата покрај министерката за образование и наука Мила Царовска, ќе присуствуваат градоначалници, директори од средни стручни училишта, претставници на меѓународни организации и институции и претставници на Стопанските комори и на компаниите.