МОН објави листа со даватели на обуки за дигитални вештини за владините ваучери

Фото: Artem Sapegin (Unsplash)

Министерството за образование и наука (МОН) ја објави листата на даватели на обуки за дигитални вештини, преку која младите до 29 години ќе можат да се информираат каде би можеле да ги искористат ваучерите во вредност од 30.000 денари што им беа доделени со уредба од Владата на РСМ.

На листата на МОН објавени се давателите на обуки, видот на обуката, цената на истата, како и бројот на часови. На линкот има и наведено колку слободни места се предвидени за секоја обука поединечно и линк каде што младите може да се информираат за обуката.

Со цел да им се помогне на младите во справувањето со предизвиците кои се резултат на здравствено-економската криза, Владата соопшти дека ќе доделува ваучери на млади лица до 29 години за обуки од најосновни до напредни дигитални вештини.

Пријавувањето на младите, со најмалку завршено средно образование, ќе може да се врши преку интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, односно www.dixhitalizohu.mon.gov.mk.