fbpx

Групата АнонОпсМКД ги хакна веб-страните на министерствата за здравство и образование

-

Од Министерството за здравство информираат дека е хакирана нивната веб-страна, а во моментов не функционира и сајтот на Министерството за образование и наука.

„Хакирана е и во моментов не функционира веб-страницата на ресорното министерство. Не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата“ соопштија од Министерството за здравство.

Како што велат оттаму, во моментов се истражува што точно се случило.

Одговорноста за хакерскиот напад на сајтовите на двете министерства ја презема групата која стои зад профилот ANONOPSMKD. Тие вчера вечерта на својот Твитер профил објавија за нападот врз веб-страните на министерствата.

Претходно, истата група ја нападна и веб-страницата на агрегаторот Тајм.мк во текот на изборната ноќ, кога истовремено падна и сајтот на Државната изборна комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...