fbpx
Таг: книга

таг: книга

„Едно море од солзи“ – втора книга поезија на Фидана Ќулханџиу

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ја издаде втората книга поезија од Фидана Ќулханџиу, „Едно море од солзи“. Збирката песни е печатена на албански јазик, а наскоро, откако ќе се обезбедат услови од страна на авторот и на издавачот, ќе биде печатена и на македонски јазик. - Авторката е познат деец во поезијата и во литературното творештво, при што најчесто го негува...

„Јазичен триптихон“, нова книга од Славе Ѓорѓо Димоски

Современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски објави нова поетска книга, „Јазичен триптихон“, чиј издавач е „ПМВ Публикации“ од Скопје. Во книгата се поместени и три искажувања од Венко Андоновски, Санде Стојчевски и од Наташа Аврамовска. Книгата содржи пет подолги лирско-епски песни, од кои три го сочинуват „Јазичниот триптихон“ и две делот „Додаток“. Предмет на пеење е јазикот како прапочеток на сè,...

Книга на жалост во Амбасадата на Русија

Книга на жалост за загинатите во несреќата на рускиот авион во Египет ќе биде отворена денеска и утре од 11 до 17 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Поради авионската несреќата во која загинаа 224 патници и членови на екипажот, вчера во Русија беше прогласен ден на жалост. Во име граѓаните на Република Македонија и во свое...

Промоција на книга од Марина Мијаковска

Вечерва, од 19 часот, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се одржи промоција на книга со хаику поезија, на поетесата Марина Мијаковска, неодамна објавена од Културниот центар „Бран“ од Струга. Промотор ќе биде м-р Александра Јуруковска, додека стихови хаику од Мијаковска ќе чита Ана Стефкоска. Ова е четврта поетска книга на Мијаковска по „Номадска душа“ (2010), „Куфери“ (2012) и...

Стихозбирката „Препки“ на Ристо Лазаров објавена на српски

Издавачот „Повеља“ од Краљево, еден од водечките издавачи на поезија во Србија, во својата реномирана меѓународна поетска едиција „После Вавилон“, ја објави на српски јазик стихозбирката „Препки“ на македонскиот поет Ристо Лазаров. Книгата е претставена на Меѓународниот саем на книгата во Белград, кој е во тек. Автор на препевот на книгата е Душко Новаковиќ, познат српски поет и препејувач од македонски...

Објавена книгата „Булгаков – писма до Сталин“ на Александар Новаковиќ

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат книгата „Булгаков – писма до Сталин“ од познатиот белградски новинар и писател Александар Новаковиќ. Книгата го опфаќа вкупниот „московски дел“ од животот на големиот руски класик Михаил Булгаков. Во неа, авторот ја сместува книжевната, политичката и етичката полемика на Сталин и на Булгаков на сцената на вечниот судир на власта и на...

„Антифашистички белешки“, книга за фашизмот и за антифашизмот во Македонија

За фашизмот и за антифашизмот во македонското општеството, зборува најновата книга на Александар Литовски, историчар од Битола, насловена „Антифашистички белешки“, која денеска ќе биде промовирана. Во оваа книга се објавени колумни и есеи што авторот ги пишувал во последните пет години за весници и за интернет-портали од земјава. За Литовски оваа книга е кревање глас против фашизмот, кој ни се случува на сите нам во последните...

Нова книга поезија на Марина Мијаковска

Во издание на Културниот центар „Бран“ од Струга, излезе од печат најновата книга „Тиркиз во лето“, дело со хаику поезија на Марина Мијаковска. Поделена во четири циклуси: „Бел цвет во пролет“, „Тиркиз во лето“, „Злато во есен“ и „Сребро во зима“, книгата изобилува со естетски стегнати лирски минијатури – хаику песни. Поетските книги на Мијаковска се верификувани со повеќе награди како...

Промоцијата на книгата „Дека да“ со голем број пријатели на Игор Исаковски

Постхумната промоција на книгатата поезија  „Дека да“, на Игор Исаковски, помина според очекуваното, во присуство на голем број пријатели, колеги и почитувачи на неговото дело. Промоцијата се случи на денот на неговиот роденден (19 септември), во клубот МКЦ. Песни од последната збирка читаа неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски и други...

Промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“

Културната установа „Блесок“, на 19 септември, од 21 часот, во клубот МКЦ организира промоција на книгата поезија на Игор Исаковски, „Дека да“. „На роденденот на Игор, песни од последната збирка што тој ја напиша ќе читаат неговите пријатели Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Румена Бужаровска, Ана Мартиновска, Срѓан Јанаќиевиќ, Владимир Мартиновски. Ќе свири Тони Китановски.  Да зборуваме за Игор, да...

Промовирана книгата „Како ги заработив првите пари“ на Александра Велинова

Зоран Заев, Бубо Каров, Филип Миркуловски се само некои од имињата од околу 70 политичари, спортисти, уметници, дипломати, бизнисмени, манекенки, кои раскажуваат како ги заработиле своите први пари во книгата на Александра Велинова „Како ги заработив првите пари“. Книгата беше промовирана денеска напладне, во бибилиотеката „Ванчо Прќе“ во Виница. Велинова во книгата раскажува за тоа која била првата работа на овие...

Академик Ќулафкова: Горан Стефановски – современик со трансисториска визија

Синоќа, во „Куќата на Уранија“ во Охрид, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015”, на МАНУ, и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, свечено и со бројна публика, беше промовирана четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Станува збор за трите, најнови драми од едицијата „Темелници“, во издание на „Табернакул“: „Одисеј “, „Огнени јазици“ и „Figurae veneris...

Промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски

МАНУ, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015” и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Настанот ќе се одржи во „Куќата на Уранија“, додека промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова. Извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски а за процесот на...

Промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски

МАНУ, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015” и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Настанот ќе се одржи во „Куќата на Уранија“, додека промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова. Извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски, а за процесот на...

Утре ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски

На четвртата Научна и уметничка визита во организација на МАНУ, утре, од 19 часот, во Куќата „Уранија“ во Охрид, ќе биде претставено поетското творештво на Славе Ѓорѓо Димоски, собрано во книгата „Поезија – Ткаења“. Промотовен збор за творештвото на Димоски ќе одржат академик Катица Ќулавкова и Мите Стефоски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, а избрана поезија на авторот ќе...

Вечерва, промоција на книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“

Вечерва, од 20 часот, на Научната и уметничката визита 2015, ќе биде промовирана книгата „Иконите на Дичо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река“ на д-р Сашо Цветковски. Трудот на д-р Цветковски, ќе го промовира академик Цветан Грозданов, еден од врвните византолози на Балканот. Промоцијата ќе се одржи во Куќата на Уранија, на истиот простор на кој за утре е...

Промоција на  книгата „Македонска глаголица“ од академик Ѓорѓи Поп-Атанасов

На „Научната и уменичка визита – 2015“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите во Охрид, денеска ќе биде промовирана книгата „Македонската глаголица“ од академик Ѓорѓи Поп-Атанасов. На промоцијата свое обраќање ќе има и поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, додека делото ќе го промовира професор доктор Илија Велев. Пред присутните, во „Куќата на...

Почнува Летниот фестивал на книгата на „Три“

Под слоганот „Патувај, истражувај, уживај... со книга,“ издавачкиот центар „Три“ го почнува традиционалниот Летен фестивал на книгата, кој ќе трае од 20 јуни до 31 август. Во рамките на фестивалот ќе бидат промовирани најновите изданија објавени на македонски јазик. Фестивалот ќе продолжи со специјална промоција на трилер-романите, на најдоброто од европската литература, на филмувани наслови, на есенцијалните летни читанки, а за оние што...

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи на 18 јуни

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“, годинава осми пат ќе се одржи на 18 јуни (четврток), повторно во Градскиот парк во 21 часот. Овојпат, организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“, кој во една вечер ќе донесе хитови од најпознатите филмувани мјузикли. Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство...

Промоција на книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“

По повод Денот на екологијата, 5 јуни, вечерва од 18 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ од Лазо Наумоски, дипломиран инженер-агроном и независен еколог. Во книгата, која има пет поглавја, акцентот е ставен на состојбата со рибниот фонд на пастрмка во Охридско Езеро...