fbpx

„Антифашистички белешки“, книга за фашизмот и за антифашизмот во Македонија

-

За фашизмот и за антифашизмот во македонското општеството, зборува најновата книга на Александар Литовски, историчар од Битола, насловена „Антифашистички белешки“, која денеска ќе биде промовирана.

Во оваа книга се објавени колумни и есеи што авторот ги пишувал во последните пет години за весници и за интернет-портали од земјава.

За Литовски оваа книга е кревање глас против фашизмот, кој ни се случува на сите нам во последните години.

– Оваа книга ги содржи сите мои белешки за фашизмот и за антифашизмот на нашето општество, акција и рекција поврзани со сите дневно-политички случувања во земјата -вели историчарот Литовски.

Промотори на книгата се Стево Пендаровски и Нашата Петровска.

Досега Литовски објавил повеќе од 15 книги, на различни теми поврзани со поновата македонска историја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УКИМ се држи „за влакно“ – останува на 1.990 место меѓу 2.000 најдобри универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) останува на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, што денеска ја објави Центарот за...