fbpx

„Јазичен триптихон“, нова книга од Славе Ѓорѓо Димоски

-

Современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски објави нова поетска книга, „Јазичен триптихон“, чиј издавач е „ПМВ Публикации“ од Скопје.

Во книгата се поместени и три искажувања од Венко Андоновски, Санде Стојчевски и од Наташа Аврамовска.

Книгата содржи пет подолги лирско-епски песни, од кои три го сочинуват „Јазичниот триптихон“ и две делот „Додаток“. Предмет на пеење е јазикот како прапочеток на сè, а особено поетскиот јазик како највисок израз на човечкиот цивилизациски дух. Во „Додаток“ се појавуваат ликовите на Каин, првиот библиски братоубиец и на Александар.

Ѓорѓо Димоски досега објавил 11 авторски книги: „Гравири“, „Проект“, „Студен порив“, „Последните ракописи“, „Спореден пат“, „Предмети и аргументи“, „Форми на страста“, „Темно место“, „Мерач на зборовите“, „Хаику на разгледници“.

Објавени се два пообемни избори од неговата поезија, целокупната негова поезија под наслов „Поезија/ ткаења“ и 12 книги на други јазици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...