fbpx

Академик Ќулафкова: Горан Стефановски – современик со трансисториска визија

-

Синоќа, во „Куќата на Уранија“ во Охрид, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015”, на МАНУ, и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, свечено и со бројна публика, беше промовирана четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски.

Станува збор за трите, најнови драми од едицијата „Темелници“, во издание на „Табернакул“: „Одисеј “, „Огнени јазици“ и „Figurae veneris historiae“ на најпопуларниот македонски драматург. Последната, „Figurae veneris historiae“ ќе ја изведат вечерва, на затворањето на фестивалот „Охридско лето”, актерите од СНГ-Драмата од Љубљана, во режија на Александар Попоски.

– Што и да се каже е малку за човек кој 41 година живее во и со театарот. Тоа е еден пред се, долг истражувачки процес и плодотворна работа. Неговите драми се главно базирани на библиски и митолошки предлошки, инспирирани од народните преданија и народната литература. Во овие современи драми Стефановски пристапува креативно, критично и духовито, тој е современик со трансисториска визија. Тој пред се ја поставува дилемата за слободата и заробеноста, а не слободата и смртта – рече промоторот, академик Катица Ќулавкова.

Авторот Стефановски презентираше слајдови од процесот на создавање на неговите драми. За „Одисеј“ рече дека е одраз на копнеењата на сите нас по нашата Итака, нашето прибежиште – за некого родниот крај, за друг семејството, за некого детството, за некого театарот.

– Третата драма „Figurae veneris historiae“ имаше премиера оваа година во Словенското народно казалиште во Љубљана во режија на Александар Поповски и е посветена на неможноста на љубовта во светот на политиката. Политиката не силува. Ние го бараме лиричното во вулгарноста, копнееме по љубов, допир, топлина, пријателство, а сме опкружени со војни како круна на политичката перверзија и патологија – рече Стефановски.

Пред присутните зборуваа и Цветан Враживирски од издавачката куќа „Табернакул“ која ја издаде неговата последна книга со трите драмски дела, односно Ѓорѓи Јолески, селектор на драмската програма на Охридско лето.

Извадоци од сцени од драмите на Стефановски, интерпретираше актерот Никола Ристановски за кого драматургијата на Стефаноски секогаш му причинува огромно задоволство и е плодно тло за интерпретација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...