fbpx

Стихозбирката „Препки“ на Ристо Лазаров објавена на српски

-

Издавачот „Повеља“ од Краљево, еден од водечките издавачи на поезија во Србија, во својата реномирана меѓународна поетска едиција „После Вавилон“, ја објави на српски јазик стихозбирката „Препки“ на македонскиот поет Ристо Лазаров.

Книгата е претставена на Меѓународниот саем на книгата во Белград, кој е во тек. Автор на препевот на книгата е Душко Новаковиќ, познат српски поет и препејувач од македонски јазик.

Во книгата се објавени 50 песни и поговор на Елизабета Шелева, како и кус осврт на Душко Новаковиќ, кој ја нагласува посветеноста на Лазаров кон појавниот и метафизички свет на своето поднебје и на Балканот, но и кон околностите од кои произлегоа премногу брутални факти пред кои поетот не сака да замижува, ниту плашливо да је шепоти вистината за „времињата на злото“.

Оваа година во едицијата „После Вавилон“ се објавени и стихозбирките на светски познатите поети Ѓорго Орели, Филип Жакота и Тони Хогланд, како и на српските поети Слободан Зубановиќ, Тома Маринковиќ и Марија Кнежевиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...