fbpx

Кривични пријави против две лица, поради нелегално поседување оружје и муниција

-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, во два одделни случаи, поднела кривични пријави против 35-годишен штипјанец и против 57-годишен жител на Карбинци, кои се товарат за неовластено изработување, држење, посредување и за тргување со оружје и со распрскувачки материи, информира полицијата.

Во едниот случај, полицијата, кон крајот на април годинава, извршила претрес на две локации во Радовиш, сопственост на штипјанецот Д.С. (35), и пронашла 37 растенија и шест семки канабис, потоа два куршума од автоматска пушка, калибар 7,62 милиметри, два куршума калибар 7,9 милиметри и еден куршум со калибар од 8 милиметри. Против Д.С. е поднесена пријава и за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори.

Кривичната пријава против М.К. (57) од општина Карбинци биле поднесена откако кон крајот на јануари годинава, при претрес на неговиот дом, полицијата пронашла и запленила три импровизирани пиштоли калибар 7,62 милиметри, дрвен кундак за пушка, 21 парче боева муниција од различен калибар, 14 парчиња ловечки патрони, 30 каписли, три куршуми калибар 7,62 милиметри, зрна од боева муниција, маневарски куршуми, чаури, околу 63 грама барут и две цевки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...