fbpx

Промовирана книгата „Како ги заработив првите пари“ на Александра Велинова

-

Зоран Заев, Бубо Каров, Филип Миркуловски се само некои од имињата од околу 70 политичари, спортисти, уметници, дипломати, бизнисмени, манекенки, кои раскажуваат како ги заработиле своите први пари во книгата на Александра Велинова „Како ги заработив првите пари“. Книгата беше промовирана денеска напладне, во бибилиотеката „Ванчо Прќе“ во Виница.

Велинова во книгата раскажува за тоа која била првата работа на овие познати и популарни личности во Македонија, но и како ги потрошиле заработените пари.

– Сите овие познати личности го откриваат превезот и тајната за парите, без оглед колкви се тие, на кој начин се заработени и потрошени, за да ни покажат дека вложениот труд, чесноста и желбата за успех секогаш водат кон саканата цел – вели професорот Веле Смилевски во рецензијата за книгата.

„Како ги заработив првите пари“ е четврта книга на Велинова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...