fbpx

Пет повредени во пожар во центар за бегалци во Германија

-

Германската полиција денеска соопшти дека пет лица се повредени во пожарот во бегалскиот центар во градот Хапенхајм, во германската покраина Есен.

Засега нема информации која е причината за пожарите.

Портпаролката на полицијата, Кристијана Кобус, соопшти дека еден од бегалците од центарот се обидел да се спаси скокајќи низ прозорец од вториот кат, при што добил телесни повреди. Уште четири лица се повредени од вдишување чад.

Во центарот се сместени повеќе од 60 бегалци од Сирија, Ирак, Сомалија и од Етиопија.

Пожарот бргу е изгасен. Според првичните информации, пожарот избил кај влезната врата, но не е позната причината.
Во Германија, во последните месеци се забележани повеќе од 100 случаи на подметнати пожари во бегалските центри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...