fbpx

Путин и Обама разговарале за создавање коалиција против екстремизмот

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска повика на создавање меѓународна коалиција против екстремизмот, велејќи дека за тоа веќе разговарал со американскиот претседател Барак Обама.

На маргините на Источниот економски форум во Владивосток, Путин истакна дека за иницијативата разговарал со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан и на други земји.

– Навистина сакаме некој вид меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот. Затоа имавме консултации со нашите американски партнери, лично разговарав со американскиот претседател Обама – рече Путин.

Говорејќи за бегалската криза што ја погоди Европа, Путин рече дека таа била очекувана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.