fbpx

Премиерите од Вишеградската група ќе ги отфрлат квотите за бегалци

-

Премиерите на Полска, Чешка, Словачка и на Унгарија попладнево, на вонредниот самит на Вишеградската група во Прага, планираат повторно одлучно да го одбијат прераспределувањето на бегалците по обврзувачки квоти и се подготвуваат да побараат од ЕУ конечно да почне да го спроведува веќе договореното – борба против шверцерите на бегалци и контрола на надворешната шенгенска граница.

– И кога би се согласиле да ги прераспределиме бегалците според обврзувачки квоти, повеќето од нив се насочени кон развиените земји како што се Германија и Скандинавија и не сакаат да останат кај нас. Тоа нема да функционира, а за да ги задржиме, тогаш би морале да се откажеме од слободата на движење и да ги обновиме внатрешните граници во ЕУ – рече денеска чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Чешкиот премиер порача дека воопшто не е потребен некој нов самит на ЕУ во врска со бегалците, туку оти Европската комисија мора да почне да го спроведува мерките што ги договори во април и во јуни, исто како што инсистира на спроведување на некои нејзини неважни или помалку важни насоки.

– Веќе имавме два самита на ЕУ. Бегалската криза нема да се реши со постојано состанување во Брисел – рече Соботка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...