fbpx

Книга на жалост во Амбасадата на Русија

-

Книга на жалост за загинатите во несреќата на рускиот авион во Египет ќе биде отворена денеска и утре од 11 до 17 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.

Поради авионската несреќата во која загинаа 224 патници и членови на екипажот, вчера во Русија беше прогласен ден на жалост.

Во име граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, сочувство до рускиот претседател Владимир Путин вчера упати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...