fbpx
Таг: книга

таг: книга

„Дискурси на визуелното“ од Иван Џепароски во Матица македонска

Монографијата „Дискурси на визуелното“ на нашиот еминентен филозоф и естетичар, проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, која деновиве ја објави „Матица македонска“, е прва македонска книга во целина посветена на прашањата на визуелното и на визуелните уметности од гледна точка на филозофијата и на естетиката. Со повеќе од 110 црно-бели репродукции и преку 60 колор репредукции...

„Бата прес“ и „Шкупи“, македонски преставници на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул

На саемот учествуваа 850 издавачи и невладини организации од Турција и од целиот свет
Во Истанбул, Република Турција, денеска завршува 33. Меѓународен саем на книгата, на кој годинава од Република Македонија со преводи на турски автори се претставија книгоиздателствата „Бата прес“, со изданијата на македонски јазик, и „Шкупи“, со преводите од турски на албански јазик. Овие македонски книгоиздателства беа официјални гости на Министерството за култура и туризам на Република Турција, во првата меѓународна...

Промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија” од Васко Шутаров

Денеска беше промовирана книгата „Јавна и културна дипломатија“ од Васко  Шутаров, издадена од „Матица македонска“. Претставувајќи ја книгата, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека се работи за досега недоволно елаборирана и истражувана тема кај нас, а научна дисциплина на врвни светски универзитети, и затоа, додаде таа, книгата ќе придонесе за развој на политичката наука во Македонија, особено во сферата на дипломатијата, јавните...

Радован Павловски ја промовираше книгата „Се случува вечност“

Македонски поет и академик Радован Павловски во поетската едиција на издавачката куќа „Макавеј“, ја објави новата збирка песни со наслов „Се случува вечност“. Од „Макавеј“ информираат дека стихозбирката на овој исклучителен лиричар содржи осумдесетина песни кои се поделени во повеќе тематски циклуси: „Се случува вечност“, „Премногу живот“, „Семе за сеидба“, „Бел камен“, „Гостин во сонот“ и „Римска воденица“.

Македонски писатели се вратија со награди од Риека

Со меѓународни награди и со признанија од Меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ што се одржа во Риека, Хрватска, се вратија македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска и Мерсиха Исмајлоска. Фестивалот се одржа од 6 до 9 ноември. На Шипинкаровски, Мијаковска и на Исмајлоска им беа доделени и дипломи за учество на фестивалот, а здружението „Бран“ доби диплома...

Објавена „Статии и анализи за македонскиот јазик“ од Круме Кепески

Книга со досега непубликувани трудови на авторот на првата граматика на македонскиот јазик, Круме Кепески, со наслов „Статии и анализи за македонскиот јазик“, неодамна објави Друштвoто за издавачка дејност „Македоника“. Книгата содржи статии, говори, предавања и разработени јазични прашања, што се однесуваат на општите согледувања на развојот на македонскиот јазик и за одделни јазични прашања, на методиката на наставата за...

Промоција на „Вистинска вода“ од Владимир Мартиновски

На 10 ноември (понеделник), во галеријата на МКЦ, со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана поетската книга „Вистинска вода“ на Владимир Мартиновски во издание на „Кликер-книги“. Новата поетска збирка на Мартиновски е трет дел од неговата тетралогија „Квартети“, во која низ четирите поетски циклуси повторно имаме можност да се нурнеме во едно поетско изобилство на музика, слики и на...

Промоција на книгата „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска

Во заедничкото дело на тројцата автори застапени се шеесет песни
Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 6 ноември (четврток) 2014 година, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збор за зборот“ од Златко Жоглев, Данилеа Трајковска и од Гордана Стојаноска. Во заедничкото дело на тројцата автори, застапени се 60 песни, во кои се говори за мноштво социјални, родољубиви и љубовни теми. Книгата ќе ја промовираат писателите Панде Манојлов...

Промоција на книгата „Историја на Чешка“

„Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“
Промоција на книгата „Историја на Чешка“ од Јан Рихлик, Владимир Пенчев и од Новица Велјановски ќе се случи денеска во Младинскиот културен центар во Скопје. „Историја на Чешка“ е објавена деновиве, во издание на „Македоника литера“ и на „Македонска реч“ од Скопје. Во неа е опфатена интегралната историја на Чешка од праисторијата, па до 2013 година. Презентирани се 16 периоди од...

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...