fbpx
Таг: книга

таг: книга

Промоција на новиот роман на Шипинкаровски, „Утринска молитва“

В сабота, на 9 мај, од 16 до 17 часот, на Саемот на книгата во Скопје, издавачката куќа „Феникс“ и „Македонија презент“ ќе го промовираат новиот роман на Петко Шипинкаровски, „Утринска молитва“. Рецензенти на книгата се угледните поетеси и писателки Мерсиха Исмајлоска и Марина Мијаковска. Воведничар е проф. д-р Христо Петрески, а промотор е писателот, публицист и литературен критичар Мишо Китаноски. На промоцијата ќе...

Промоција во Белград и во Нови Сад на најновата книга „Блиска врска“ од Славе Ѓорго Димоски

Во Друштвото на писателите на Србија во Белград, утре ќе биде промовирана најновата книга на Славе Ѓорго Димоски, „Блиска врска“. Книгата ја објави Друштвото на писателите на Србија во превод на Душко Новаковиќ. За книгата ќе зборуваат Радомир Андриќ, Душко Новаковиќ и Адам Пуслоиќ. Станува збор за второ претставување на книгата. Првото се одржа на Саемот на книгата во Белград, во...

„Цветен пазар“, нова книга со афоризми од Атанас Крлевски

Друштвото за издавачка дејност „Македонка“ од Скопје, неодамна ја објави книгата со афоризми „Цветен пазар“ на македонскиот афористичар Атанас Крлевски. Книгата содржи близу 400 афоризми посветени на жената, а поделени во два циклуса: „Една жена – цвет, две жени – букет“, три жени – цветен пазар!“ и „ Бракот е последната глупост на ергенлакот“, а на крајот се објавени осврти...

Саем на книгата во Велес

Почнува саемот на книга во Велес, кој од денеска до 18 април ќе се одржува во Народниот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“. Саемот ќе го отворат градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, директорот на Народниот театар, Јордан Витанов, и директорот на „Матица“, Дејан Павлески.

Наградата „Мостови на Струга“ за поетесата Паула Бозалонго од Шпанија

„Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, награда што ја доделуваат „Струшки вечери на поезијата“ и УНЕСКО, годинава ѝ припадна на поетесата од Шпанија, Паула Бозалонго. – Од пристигнатите книги, особено се издвои книгата „Декември и се бакнавме“ од Паула Бозалонго, поетеса од Шпанија. Песните на Паула Бозалонго изненадуваат со својата конкретност и посредност, таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик, кој...

„Покрај езерото“, нов роман на Благој Иванов

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат романот „Покрај езерото“, најново дело на истакнатиот македонски писател Благој Иванов. Станува збор за роман сиот нурнат во нашата стварност, во кој детално се скенирани сите бранувања во животот на главниот јунак, но и оние, со посилен налет – бранувања во општеството и во времето што го живееме. Всушност, станува збор за...

,,Куќа на сеќавањата и заборавот“ од Филип Давид на македонски јазик

Романот на познатиот белградски писател Филип Давид, ,,Куќа на сеќавањата и заборавот“, само еден и пол месец откако ја доби престижната награда на неделникот „НИН“ за роман на годината, се појави на македонски јазик. Издавач на овој роман е ,,Везилка 2011“, а преводот на македонски јазик го направи писателот Ристо Лазаров, кој е автор и на поговорната белешка. Романот ,,Куќа на сеќавањата...

Книгата на Димитар Мирчев денеска пред кочанчани

Новата книга на проф. д-р Димитар Мирчев, „Идентитет и суверенитет“, ќе биде промовирана во Кочани. Клубот „Ротари“ од Кочани и книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје ја организираат промоцијата во соработка со Библиотеката „Искра“ - Кочани, денеска во 14 часот. Промоцијата ќе биде можност и за отворена трибина со граѓаните на истата тема. Промотори на делото ќе бидат Бранко Цветковски и Братислав Ташковски. Ова е...

Книга со песни „Меѓу две неба“ за поетско Велестово

Во издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и на „ПНВ - публикации“, од печат излезе книгата „Меѓу две неба“, со содржини инспирирани од настаните во изминатите 26 години. Илустрирана е со фотографии од архивата на манифестацијата. Делото го подготви и предговорот го напиша Славе Ѓорѓо Димоски, жител на селото и основач на познатата поетско-ликовна манифестација. Во книгата содржани се стихови...

„Утринска молитва“, седми роман на Петко Шипинкаровски

Најновиот роман „Утринска молитва“ на писателот Петко Шипинкаровски е опфатен со програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Македонија, на Министерството за култура на Република Македонија. Делото кое ќе биде објавено годинава, е седми по ред роман на Шишинкаровски или деветти, сметајќи ги двете романизирани монографии, пишува порталот „Инпрес“. Најновото дело „Утринска молитва“ е настан во кој главна одлика е...

Романот „Сребрените снегови” од Чинго во македонската електронска библиотека

Романот „Сребрените снегови“ од Живко Чинго влегува во македонската електронска библиотека. Меѓу вредните дела во официјалната електронска библиотека на македонски дела и автори, ќе се најде и ова дело на популарниот македонски писател, роден во Велгошти, крај Охрид. Овој роман за деца, бил издаден во 1966 година, а преставува значајно дело за развојот на македонската литература. „Сребрените снегови“ обработува тематика од војната,...

Промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од Мишо Јузмески

Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, вчеравечер пред читателската јавност во Ресен беше промовирана збирката раскази „Сто години копнеж“ од охридскиот автор Мишо Јузмески. За целокупното творештво на авторот зборуваше Наташа Зузаровска, а поконкретно за книгата „Сто години копнеж“ свој осврт даде м-р Лидија Размоска. - Секој расказ има своја порака. Секоја порака ја оживува вистината за љубовта, сонот и...

Промовирана стихозбирката „Ајде да се сакаме“ на поетесата Славјанка Љуткова

Синоќа во Велес беше промовирана деветтата стихозбирка на поетесата Славјанка Љуткова, „Ајде да се сакаме“. Овој настан беше во организација на Градска библиотека „Гоце Делчев“ и на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Во стихозбирката има 56 песни посветени на децата кои завлегуваат во тинејџерските години и кои се збогуваат со своето детство, а кои ги понесуваат немирните љубовни води, појасни промоторката Нада...

„Полицијата и јавноста“ – книга на полицискиот портпарол Стефан Димоски

В сабота напладне, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, пред јавноста ќе биде претставена книгата „Полицијата и јавноста“ на м-р Стефан Димоски, новинар, актуелен портпарол на СВР од Охрид. Промотори на авторскиот труд на Димоски ќе бидат Томе Груевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, и Стефан Буџакоски, професор на првиот приватен универзитет ФОН. Стефан Димоски, пред да ја...

Книга есеи – рецензии и литературна критика од Петко Шипинкароски

Денеска напладне, во Културно-информативниот центар „365“ во Охрид, беше промовирана новата книга есеи - рецензии и литературна критика од Петко Шипинкаровски, под наслов „Кога уметноста е живот, животот е уметност“. Пред присутните, книгата ја претставија м-р Лидија Размоска и писателот и поет Тоде Илиески. - Најновиот наслов на Шипинкаровски, кој е негов дваесетти по ред, пополнува една празнина во македонската...

Промоција на книга на Стојко Стојков

Македонскиот активист и основач на организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден, Стојко Стојков, денеска напладне ќе ја промовира книгата „Табу, време на страв и страдање, прогонувањето на Македонците во Бугарија во време на комунизмот (1944 -1989)“. Книгата содржи спомени и документи на голем број Македонци репресирани поради својата македонска самосвест за време на комунистичкиот период во Бугарија. Промотор е академик...

Нова книга есеи: „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски

Утре напладне, во Културно-информативниот центар „365“ во Охрид, ќе биде промовирана новата книга есеи „Кога уметноста е живот, животот е уметност“ од Петко Шипинкаровски. Книгата ќе ја претстават Лидија Размоска и Тоде Илиески. Петко Шипинкаровски досега има објавено десетина романи, две романизирани монографии, книгата раскази „Залезнина“ и монодрамата за Толе Паша. „Бели утра“ е негова четврта поетска збирка, а 16....

Нова стихозбирка од Раде Силјан

Нова стихозбирка на поетот и литературен критичар Раде Силјан, насловена „Отворена книга“, објави „Матица македонска“. Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три циклуси кои градат една неразделна тематска целина. Раде Силјан е автор на 15 поетски книги и на повеќе критичко-есеистички дела посветени на македонската книжевност. Негови дела се преведени на англиски, руски, турски, италијански, полски, романски, унгарски,...

Промоција на книга од Весна Дамчевска

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Галерија 8, во Стара скопска чаршија, ќе биде промовирана книгата „Од собата до Холивуд – сликата на жената уметник во биографскиот филм“ од Весна Дамчевска. Книгата ќе ја промовираат Александар Прокопиев и Ана Мартиноска, а е издание на издавачката куќа „Зојдер“ и на „Галерија 8“. Весна Дамчевска е новинар, уредник, автор.  

Промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска

Денеска во просторoт на книжарицата „Матица ексклузив“, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска. Книгата обработува теми од современите научни истражувања на полето на културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...