fbpx

Промоција во Белград и во Нови Сад на најновата книга „Блиска врска“ од Славе Ѓорго Димоски

-

Во Друштвото на писателите на Србија во Белград, утре ќе биде промовирана најновата книга на Славе Ѓорго Димоски, „Блиска врска“.

Книгата ја објави Друштвото на писателите на Србија во превод на Душко Новаковиќ. За книгата ќе зборуваат Радомир Андриќ, Душко Новаковиќ и Адам Пуслоиќ.

Станува збор за второ претставување на книгата. Првото се одржа на Саемот на книгата во Белград, во октомври минатата година.

Покрај во Белград, книгата „Блиска врска“ на Славе Ѓорго Димоски ќе биде промовирана и во Нови Сад, в петок, во рамките на Маѓународната манифестација „Салон на книгата“.

Славе Ѓорго Димоски, покрај што е познат автор, е претседател на управниот одбор на „Струшки вечери на поезијата“, поради што во Нови Сад ќе одржи предавање за значењето на струшкиот поетски фестивал на  меѓународната творечка сцена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...