fbpx

„Цветен пазар“, нова книга со афоризми од Атанас Крлевски

-

Друштвото за издавачка дејност „Македонка“ од Скопје, неодамна ја објави книгата со афоризми „Цветен пазар“ на македонскиот афористичар Атанас Крлевски. Книгата содржи близу 400 афоризми посветени на жената, а поделени во два циклуса: „Една жена – цвет, две жени – букет“, три жени – цветен пазар!“ и „ Бракот е последната глупост на ергенлакот“, а на крајот се објавени осврти за афоризмите на Крлевски од Ана Витанова-Рингачева, Душко Кралевски и Сашо Бетоски.

„Жената, љубовта и бракот се трите жаришта врз кои тлеат и искрат афоризмите на Крлевски. Во творечкиот опус на Крлевски, трите жаришта се само три распрснати искри од еден пламен. И во претходните свои книжевни остварувања, авторот не ја заобиколуваше жената, напротив, таа беше неодминлива инспирација за препознатливите „крлевизми“, единствени, оригинални и умерени. Луцидно, со внимателно одбрани зборови, жената се внесува како метафора, но истовремено таа е и муза на творечкото око на авторот: Постојат жени што лесно се сакаат, но до нив тешко се стигнува“, пишува Витанова-Рингачева во поговорот.

„Крлук“ е четврта книга со афоризми на Атанас Крлевски. Претходно ги објавил „Крлевизми“, „Окрлавени мисли“ и „Крлук“. Атанас Крлевски (1956 година – Ташкент, Узбекистан, живее и работи во Велес) афоризми пишува три и пол децении, автор е на многу антологиски афоризми, наградуван е во земјата и во странство и е застапуван во меѓународни антологии. Објавувал во „Остен“, „Студентски збор“, „Млад борец“, „Македонски остен“, а денес соработува во повеќе печатени и електронски сатирични списанија и портали во земјата и во странство. Меѓу другото, застапен е во неколку антологии со афоризми објавени во земјата и во странство. Член е на балканското здружение на афористичари. Добитник е на неколку награди за афоризми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...