fbpx

„Покрај езерото“, нов роман на Благој Иванов

-

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат романот „Покрај езерото“, најново дело на истакнатиот македонски писател Благој Иванов. Станува збор за роман сиот нурнат во нашата стварност, во кој детално се скенирани сите бранувања во животот на главниот јунак, но и оние, со посилен налет – бранувања во општеството и во времето што го живееме. Всушност, станува збор за болно соочување со тревожноста на стварноста, во која се испревртени сите вредности, во која се растура, распаѓа животот.

„Покрај езерото“ на Благоја Иванов, како што забележува во поговорот Ристо Лазаров, ги допира сите прашања на нашата живејачка, ги открива најсуштествените пластови на една временска отсечка од речиси 70 години.

Почнува меко, речиси нежно, за да се распламти во сета жестина. Би се рекло: какво време – таков роман. Роман кој сите прашања, сосе мудрите песни на Конески, ги остава во туѓина. Роман кој нè предупредува дека смртта не била само точка, дека зад неа остануваат и големи прашалници. „Покрај езерото“ – тоа е романот што ѝ недостигаше на нашата литература, овде и денес. Роман со иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...