fbpx

Охриѓанец присвојувал пари од наплата на гробни места

-

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (46) од Охрид поради постоење основи за сомневање дека направил проневера во службата, фалсификувал службена исправа, злоупотребил службена положба и овластување и дека извршил комјутерска измама.

Пријавениот, во периодот од 24 ноември 2011 до 11 јануари 2013 година, во својство на службено лице, јавен службеник задолжен за доделување и за наплата на гробни места во ЈП„Градски гробишта“во Охрид, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, свесно противправно присвоил пари доверени во службата од наплата на гробни места од 13 граѓани во вкупен износ од 352.153 денари.

На лицата што купиле гробни места, пријавениот Н.С. им подготвувал писмени договори за купување, а примероците што им ги издавал на странките, ги заверил со лажни потписи во делот кој се заверува со потпис од директорот на јавното претпријатие. За да не бидат откриени фалсификатите, примероците од овие спорни договори што требало да се предадат во службите на јавното претпријатие, биле уништени и ги нема ниту во сметководство на ова претпријатие, ниту во архивата од договорите.

Пријавениот примил пари во готово и со свој ракопис составил писмена потврда која заедно со примените пари никогаш не ги предал во службата. Парите за наведеното гробно место ги присвојувал и врз основа на лажна изјава вршел промена на податоците во комјутерскиот систем, го бришел старателот-сопственикот на конкретното гробно место и на негово место внесувал други лица-сопственици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...