fbpx

Нова книга поезија на Марина Мијаковска

-

Во издание на Културниот центар „Бран“ од Струга, излезе од печат најновата книга „Тиркиз во лето“, дело со хаику поезија на Марина Мијаковска.

Поделена во четири циклуси: „Бел цвет во пролет“, „Тиркиз во лето“, „Злато во есен“ и „Сребро во зима“, книгата изобилува со естетски стегнати лирски минијатури – хаику песни.

Поетските книги на Мијаковска се верификувани со повеќе награди како „Караманов“, „Крсте Чачански“ и други.

Мијаковска досега ги има објавено поетските книги „Номадска душа“ (2010), „Куфери“ (2012) и „Психоаналитичка алхемија од страсти“(2013).

За книгата раскази „Куќички“ ја доби наградата „Крсте Чачански“ во 2014 година.

Мијаковска е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...