Избрани младите поети кои ќе читаат поезија во рамките на „Денови на поезијата“

Станува збор за настан што ги поддржува младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање

Илустрација: ПНВ Публикации

Тимот на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“ ги избра младите поети што ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“ по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија.

На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат Јулија Ангелова, Андреј Анѓеловиќ, Виктор Бучковски, Иво Донев, Марко Иван Кочишки, Нино Наумовски, Дарио Постоловски, Теодора Прокоповска, Михаела Стефановска, Методија Тасевски, Крсте Трифунов и Розе Ускоска.

„Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 24 март, недела, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол, со почеток од 18:30 часот.

„Станува збор за настан што ги поддржува младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на проектот „Денови на поезијата“, велат од „ПНВ Публикации“.

Деновите на поезијата ќе се одржат во периодот од 21 до 24 март, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура Бета“, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата.