fbpx

Промоција на книга од Марина Мијаковска

-

Вечерва, од 19 часот, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе се одржи промоција на книга со хаику поезија, на поетесата Марина Мијаковска, неодамна објавена од Културниот центар „Бран“ од Струга.

Промотор ќе биде м-р Александра Јуруковска, додека стихови хаику од Мијаковска ќе чита Ана Стефкоска.

Ова е четврта поетска книга на Мијаковска по „Номадска душа“ (2010), „Куфери“ (2012) и „Психоаналитичка алхемија од страсти (2013). Таа е автор и на книгата раскази „Куќички“ (2014).

– Поделена во четири циклуси: „Бел цвет во пролет“, „Тиркиз во лето“, „Злато во зесен“ и „Сребро во зима“, книгата од 160 песни изобилува со естетски стегнати лирски минијатури – хаику, каде боите на поетските записи се прелеваат како бранови на живиот свет и светлината низ годишните времиња – вели писателот Петко Шипинкаровски од „Бран“.

Марина Мијаковска живее и работи во Скопје. Добитник е на наградите „Караманов“, „Македонска книжевна авангарда“, „Крсте Чачански“ и други. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.