fbpx

„Едно море од солзи“ – втора книга поезија на Фидана Ќулханџиу

-

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ја издаде втората книга поезија од Фидана Ќулханџиу, „Едно море од солзи“.

Збирката песни е печатена на албански јазик, а наскоро, откако ќе се обезбедат услови од страна на авторот и на издавачот, ќе биде печатена и на македонски јазик.

– Авторката е познат деец во поезијата и во литературното творештво, при што најчесто го негува духот на пишувањето од родниот крај. На тој начин таа дава значен придонес за зачувување и за промоција на македонската култура и традиција во Албанија – пишува електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“.

Фидана Ќулханџиу е роденa 1992 година во Смолник, во областа Голо Брдо. Како автор, во 2006 година, првпат излезе пред читателите со својата книга „Детство“. Своја поезија има објавувано и во неколку весници во Албанија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....