fbpx
Таг: кампови

таг: кампови

Ципрас – Туск: Нема да дозволиме Грција да стане „магацин на души“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Атина се согласија дека мора да постои заедничко европско решение за бегалската криза. Туск вети дека Европската Унија нема да ја напушти Грција и ќе ѝ понуди поддршка за справување со кризата. Го повтори ставот дека исклучувањето на Грција од шенген-зоната нема да даде никакво решение...

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите. Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека за кратко време повторно ќе издаваат...

Границата кај Гевгелија е „херметички“ затворена и за бегалците и за возовите

Бегалците кај Идомени, Грција, денеска мирно протестираат барајќи да се отворат границите. Во ова прифатилиште има од 7.000 до 9.000 бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан. Просторот веќе наликува на вистински мал град, со стотици шатори каде бегалците се засолнуваат чекајќи да заминат од Грција. Во кампот снемува резерви од храна и од лекови, поради што волонтерите упатуваат повици да им се помогне. Бегалците секојдневно...

Еден полицаец и девет мигранти повредени во инцидентите на границата – ситуацијата под контрола

По инцидентот во кој бегалците во знак на револт почнаа да фрлаат со камења и урнаа дел од жичената ограда на грчко-македонската граница, илјадници мажи, жени и деца седнати на железничката линија попладнево продолжија со протестот и со барањата македонската полиција да ги пропушти за да го продолжат патот кон Западна Европа. Во инцидентите, за чие смирување полицијата употреби и солзавец,...

Дополнителни железни столбови на границата со Грција

Тензија владее кај Идомени откако бегалците во знак на протест ја урнаа оградата од македонска страна. Очајни од чекањето со денови, бегалците кон оградата и полицијата почнаа да фрлаат со камења. Полициските сили од македонската страна одговорија со солзавец за да се обидат да ја разбијат толпата и да ја смират ситуацијата. Од Министерството за внатрешни работи за „Мета“ информираат дека околу...

Во Грција има повеќе од 25.000 бегалци

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, испрати порака до Грција и до сите засегнати страни дека имаат уште седум дена да најдат решение за бегалската криза. Во спротивно, смета тој, Европската Унија ќе мора да почне да применува итни планови за вонредна состојба. Во изјава за весникот „Катимерини“, Аврамопулос истакнува дека сите мора да преземат одговорност и да престанат да ја префрлаат топката...

Во Грција заглавени 20.000 бегалци, кај Идомени чекаат 6.500 лица

Низ цела Грција во моментов се заглавени од 20.000 до 25.000 бегалци. Бројката ја објави министерот за миграција, Јанис Музалас, во интервју за грчката телевизија „Мега“, а истата се очекува да продолжи да се зголемува бидејќи во Грција секојдневно пристигнуваат илјадници нови бегалци. Според информацијата од грчката полиција, во бегалскиот камп кај Идомени има околу 6.500 бегалци, а на бензинската кај Поликасто...

Словенија и Хрватска ќе прифаќаат само по 500 мигранти дневно

Словенија и Хрватска од денеска ќе прифаќаат не повеќе од 500 мигранти на ден. Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за локалните медиуми изјави дека побарал писмена потврда од хрватската страна за да може да докаже дека новиот режим за прием на мигранти не е „измислен од Србија“. Во Србија во моментот има околу 2.000 мигранти од кои само 38...

Грција се гуши: Пристаништа, плоштади, кампови, автопати – се е полно со бегалци

Цела Грција е претворена во еден голем центар за бегалци. Илјадници се заглавени на пристаништето во Пиреа, низ прифатните центри во Солун и Атина и на атинскиот плоштад Викторија. Голем број од нив се дури и на автопатите низ државата и чекаат буквално на пат покрај паркинзи и мотели да го продолжат патувањето до Идомени. Само на Идомени пред границата со...

ДС: Владата да изгради јасен став за мигрантската криза

Сите активности што ги презема Република Македонија во врска со мигрантската криза треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави, Грција и Србија, како и со Европската унија, велат од партијата на пратеникот Павле Трајанов, Демократски сојуз. Во спротивно, велат од партијата, земјава би се довела во безизлезна состојба, со тешки последици по нејзината безбедност и стабилност. „Прифатот на мигрантите...

Неизвесност во Грција за идните европски чекори околу бегалската криза

Грција се подготвува и за подоброто и за најлошото можно сценарио во пресрет на самитот на Европската Унија за бегалската криза в четврток и в петок. По министерот за миграција, сега и Панос Каменос, министер за одбрана и коалициски партнер на премиерот Алексис Ципрас, излезе со изјава дека очекува сигурно да се затворат европските граници за бегалците. - Сметам дека е сигурно дека...

Курц: Ако има потреба, ќе се отворат бегалски кампови во Македонија

Австрија во следните неколку недели или месеци ќе го достигне лимитот за прием на бегалци за годинава (37.500) и ќе ја затвори границата, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Австрија е една од земјите од тројката, со Германија и со Шведска, во кои најмногу се примаат бегалци. Нашите...

Музалас: Со затворањето на Идомени, ќе се изгуби контрола на бегалците кои преминуваат во ЕУ

Грција треба да биде подготвена за затворање на границите, изјави грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас, во интервју за телевизијата „Мега“, истакнувајќи дека ваквиот чекор ќе биде еднострана активност од други држави, а не заеднички договорена на европско ниво. Музалас посочи дека владата реално се подготвува за ваков чекор. Тој проценува дека затворањето на границите ќе заглави десетици илјади бегалци...

Ердоган: Турција од 2011 година досега потроши 10 милијарди долари за бегалците

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги критикуваше Обединетите нации поради барањето Турција да ја отвори границата за новите десетици илјади сириски бегалци. Тој рече дека ОН ѝ дале 455 милиони долари на Турција, која од 2011 година досега има потрошено 10 милијарди долари за бегалците. Високиот комесаријат за бегалци на ОН вчера ја повика Турција да им дозволи влез на сите...

Камповите на турско-сириската граница се целосно пополнети

Бегалските кампови долж границата на Сирија со Турција, се целосно пополнети, соопштија хуманитарните работници, додека десетина илјади лица бегаат пред офанзивата на државните сили во покраината Алепо. Во пограничниот град Азаз и во околината, семејства спијат на улици, а во шаторите се сместени и по 20 луѓе што ги напуштиле своите домови. ОН соопштија дека во последните неколку дена околу 31.000 лица...

„Мета“ во бегалски камп во Грција: Играат фудбал и чекаат превоз за ЕУ

Протекот на бегалци од Грција кон Македонија се одвива без проблеми и покрај поставувањето втора жичена ограда од македонска страна. Волонтери на „Доктори без граници“, кои им помагаат на бегалците во привремениот камп на бензинската станица во близина на Поликастро, за „Мета“ објаснија дека бегалците бргу се преместуваат од привремениот камп кон кампот на границата. Иако викендов на бензинската станица во десетици...

Музалас: ЕУ може да ја затвори границата за бегалците

Грција е свесна дека постои реална можност Европа да издејствува привремено затворање на македонско-грчката граница за мигрантите. Грчкиот министер за миграциски прашања, Јанис Музалас, стравува дека можно е Европската унија да донесе одлуки на идниот самит за бегалското прашање кои ќе бидат негативни за државата. - Можно е ЕУ на следниот самит во Брисел да одлучи и да ги затвори...

Бакојани до Коѕиас: Дали знаете дека ЕУ ќе даде пари за Македонија да се справи со бегалците?

Поранешната шефица на грчката дипломатија и моментално одговорна за надворешна политика во Нова демократија, Дора Бакојани, активираше нов аларм за можно исклучување на Грција од шенген-зоната. Бакојани испрати пратеничко прашање до грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, околу информациите дека Европската унија планира финансиска помош за Македонија за зајакнување на граничната контрола за бегалците. Во прашањето Бакојани се повикува на...

Илјадници бегалци чекаат од грчката страна на Богородица да преминат во Македонија

Во Грција продолжува да се зголемува паниката дека државата ќе остане заглавена со илјадници бегалци и мигранти. Грчките медиуми јавуваат дека граничниот премин кај Богородица, односно Идомени е преполнет со бегалци од грчка страна бидејќи македонските граничари пропуштаат многу мал број бегалци и мигранти. Според информациите од грчката полиција, минатата ноќ се пропуштени 750 бегалци, додека во бегалскиот камп кај Идомени својот ред...

Грција брза да ги изгради петте прифатни центри за бегалци на островите

Грчката влада почнува со спроведување на договорот за изградба на центри и на контролни пунктови за регистрација на бегалците. На состанокот во премиерската палата викендов, под раководство на Алексис Ципрас, беше договорено итно да се почне со градба и со отворање на центрите и на контролните точки за да се избегнат нови проблеми со Европската унија по негативните коментари од извештајот на...