fbpx

Музалас: ЕУ може да ја затвори границата за бегалците

-

Грција е свесна дека постои реална можност Европа да издејствува привремено затворање на македонско-грчката граница за мигрантите. Грчкиот министер за миграциски прашања, Јанис Музалас, стравува дека можно е Европската унија да донесе одлуки на идниот самит за бегалското прашање кои ќе бидат негативни за државата.

– Можно е ЕУ на следниот самит во Брисел да одлучи и да ги затвори границите, иако Грција ќе ги има исполнето своите обврски – истакна Музалас во интервју за емисијата „Еникос“ на грчката телевизија „Стар“.

Според Музалас, ова нема да биде трагично за Грција, меѓутоа ќе биде исклучително тешка тема со која државата, сепак, ќе мора и ќе може да се справи. Работата, како што истакна, е колку може повеќе да се ублажат потенцијалните негативни работи кои ЕУ би можела да ѝ ги наметне на Грција.

Грчкиот министер забележа дека можното затворање на границите веројатно ќе го намали и бранот на бегалци кои се обидуваат преку Грција да стигнат во ЕУ. Иако ги призна и грчките грешки, како доцнењето со изградбата на прифатните центри и немањето соодветна придружба за малолетните бегалци, сепак посочи дека главниот начин да се контролираат бегалците што преминуваат кон ЕУ е со поголема контрола од турска страна.

Еврокомесарот за миграциски прашања, Димитрис Аврамопулос, кој исто така учествуваше во емисијата, демантираше дека во европски рамки има официјални разговори за идејата за исклучување на Грција од шенген-зоната. Аврамопулос беше дециден и дека ЕУ не планира со војска да ја засили македонската граница за да се блокираат бегалците во Грција.

– БЈРМ не е дел од ЕУ, Грција нема заеднички граници со држава која е дел од ЕУ и од шенген-зоната истовремено. Во ЕУ никогаш не била поставената темата за испраќање војска за засилување на границата на БЈРМ. Фронтекс не е воена сила и Европа не се обидува да ги заглави бегалците во Грција – истакна Аврамопулос.

Грчката влада е во трка со времето да ги доврши до идната недела петте прифатни центри каде ќе има подобри услови за регистрација и за сместување на бегалците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...