fbpx

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

-

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите.

Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека за кратко време повторно ќе издаваат дозволи, а одлуката ја правдаат со барањето на раководителите и на волонтерите во центрите за да не бидат попречувани во работата во момент кога се справуваат со голем бран бегалци.

– Во овој момент центрите треба на најдобар можен начин да се справат со хуманитарна криза, која ги засегнува сите бегалци влезени во државата. Вработените секојдневно треба да се справат со голем број луѓе на кои им треба засолниште, треба да им се обезбедат средства за опстанок во државата, да се заштитат од индивидуалци кои сакаат да профитираат од нив, како и да се смират пред да продолжат со нивниот пат – се вели во соопштението.

Грчките и странските новинари ја осудија одлуката на Министерството како акт на цензура и обид да се скријат од очите на медиумите, а со тоа и од јавноста, вистинските случувања и условите во кои со денови чекаат мигрантите.

Здружението на новинари и на уредници на Грција реагира дека оваа одлука е неоснована и во никаков случај не е оправдана забраната со која се кршат уставните права, како правото на слободен печат и на информирање.

– Ја повикуваме владата веднаш да ја отповика одлуката. Во конкретните услови и новинарската одговорност и неопходноста за постојано информирање ја наметнуваат потребата да се известува за сите аспекти од бегалската криза, вклучувајќи ги и условите за живот во привремените прифатни центри за мигрантите – се вели во соопштението од новинарското здружение.

Одлуката доаѓа кратко време откако грчките и странските новинарски екипи двапати беа отстранети од Идомени, со објаснување дека мора да се расчисти теренот, оставајќи ги граѓаните во медиумски мрак за тоа што се случува на жаришната точка, клучна за мигрантската криза во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...