fbpx

ДС: Владата да изгради јасен став за мигрантската криза

-

Сите активности што ги презема Република Македонија во врска со мигрантската криза треба да бидат усогласени, пред сè со соседните држави, Грција и Србија, како и со Европската унија, велат од партијата на пратеникот Павле Трајанов, Демократски сојуз.

Во спротивно, велат од партијата, земјава би се довела во безизлезна состојба, со тешки последици по нејзината безбедност и стабилност.

„Прифатот на мигрантите и нивниот транзит треба да се одвива како и досега, но Република Македонија не може да биде „регрутен центар“ за мигранти или, пак, да отвора кампови во кои присилно ќе се задржуваат тие што сакаат да го продолжат патот до некоја од своите крајни дестинации“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.

Партијата, исто така, бара „државниот врв, особено Владата, да изгради јасен и усогласен став“, по ова прашање, „без политички калкулации и пазарења“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.