fbpx

Бакојани до Коѕиас: Дали знаете дека ЕУ ќе даде пари за Македонија да се справи со бегалците?

-

Поранешната шефица на грчката дипломатија и моментално одговорна за надворешна политика во Нова демократија, Дора Бакојани, активираше нов аларм за можно исклучување на Грција од шенген-зоната. Бакојани испрати пратеничко прашање до грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, околу информациите дека Европската унија планира финансиска помош за Македонија за зајакнување на граничната контрола за бегалците.

Во прашањето Бакојани се повикува на информации дека Европската комисија планира да ја засили граничната инфраструктура на македонската страна на границата за подобра контрола на бегалците што преминуваат кон ЕУ.

„Планот на комисијата се однесува на градење одредени објекти на територијата на Скопје, далеку од грчката граница. За изведбата на овој проект, постои и идејата за користење на пари од заедничките европски фондови на Директоратот за проширување на комисијата“, вели Бакојани во прашањето до Коѕиас.

Според неа, доколку се случи ова, ќе дојде до привилегиран третман на Македонија, која не е земја-членка на ЕУ и овој чекор би бил нов товар врз грчките плеќи и тоа во момент кога на државата ѝ е потребна поддршка за справување со бегалската криза.

Она што загрижува, според неа, е дека наместо ЕУ да размислува за подобрување на инфраструктурата на грчко-турската граница, и водната и копнената, од каде се појавува проблемот и која е официјална европска граница, ЕУ размислува за други решенија.

„Би го прашала министерот дали владата е информирана за овие планови и дали грчките позиции се претставени пред комисијата? Што планира да направи грчката влада за да ја заштити позицијата на Грција во шенген-зоната?“, вели Бакојани во писмото до Коѕиас.

Премиерот Алексис Ципрас на почетокот на неделата најави дека петте нови прифатни центри за бегалците, кои се дел од европските услови до Грција, ќе бидат готови до 15 февруари, чекор за кој е активирана и грчката војска и грчкото министерство за одбрана.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...