fbpx

Грција брза да ги изгради петте прифатни центри за бегалци на островите

-

Грчката влада почнува со спроведување на договорот за изградба на центри и на контролни пунктови за регистрација на бегалците. На состанокот во премиерската палата викендов, под раководство на Алексис Ципрас, беше договорено итно да се почне со градба и со отворање на центрите и на контролните точки за да се избегнат нови проблеми со Европската унија по негативните коментари од извештајот на Комисијата за начинот на кој земјата се справува со бегалската криза.

Ципрас на состанокот, на кој присустуваа министрите за одбрана, поморство, цивилна заштита, имиграциона политика и европски прашања, посочи дека веќе нема простор за доцнење со спроведување на договорените услови за подобро справување со бегалците што пристигнуваат во Грција и заминуват кон ЕУ за да бараат азил во земјите со подобри услови како Германија, Австрија и скандинавските земји.

На состанокот беше одлучено да се забрза работата за изградба на прифатни центри за бегалците на пет острови, и тоа на Самос, Лезбос, Хиос, Кос и на Лерос.

Ципрас бара центрите да се завршат и да бидат функционални за сместување на бегалците за две недели.

Договорено е и формирање на два центри за привремено сместување на мигрантите што треба да се релоцираат и да се вратат во земјите од кои доаѓаат доколку не се од Ирак, Сирија и од Авганистан, односно трите држави од кои ЕУ одлучи да прифаќа бегалци.

Овие центри се предвидува дека ќе бидат на просторот на неколку касарни во Атина и во Солун и ќе можат да сместат веднаш 500 луѓе, а потоа ќе се прошират да имаат капацитет до 4.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...