fbpx

Во Грција заглавени 20.000 бегалци, кај Идомени чекаат 6.500 лица

-

Низ цела Грција во моментов се заглавени од 20.000 до 25.000 бегалци. Бројката ја објави министерот за миграција, Јанис Музалас, во интервју за грчката телевизија „Мега“, а истата се очекува да продолжи да се зголемува бидејќи во Грција секојдневно пристигнуваат илјадници нови бегалци.

Според информацијата од грчката полиција, во бегалскиот камп кај Идомени има околу 6.500 бегалци, а на бензинската кај Поликасто повеќе од 400 лица чекаат да бидат пренесени во бегалскиот камп. Вчера, како што јавуваат грчките медиуми, во Македонија преминале само 300 бегалци од Ирак и од Сирија.

Бегалците се распоредени буквално на секоја педа низ државата каде што е најдено слободно место за тие да бидат засолнети.

Покрај мигрантските центри, сместени се во спортски сали, на напуштениот аеродром кај Атина, во траектите на островите и во чекалните на пристаништето Пиреја. Само на Пиреја се проценува дека во моментов има 3.000 бегалци кои чекаат дали ќе заминат кон Идомени, во центарот Елинико во јужниот дел на Атина има 2.000 лица, во центарот кај Елеонас – 1.200, во центарот за релокација на излез од Атина – 1.200, а во центарот за релокација кај Солун – 2.000 бегалци.

Грција се подготвува да објави и вонредна ситуација доколку продолжи бавното пропуштање на бегалци кон Македонија со оглед на фактот што не се намалува бројката на бегалци што секојдневно пристигнуваат на островите како Лезбос, Хиос и Митилини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...