fbpx

Словенија и Хрватска ќе прифаќаат само по 500 мигранти дневно

-

Словенија и Хрватска од денеска ќе прифаќаат не повеќе од 500 мигранти на ден.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за локалните медиуми изјави дека побарал писмена потврда од хрватската страна за да може да докаже дека новиот режим за прием на мигранти не е „измислен од Србија“.

Во Србија во моментот има околу 2.000 мигранти од кои само 38 побарале азил во изминатите неколку дена.

– И тие што побараа азил, тоа го направиле за да останат неколку дена за да одморат, пред да продолжат понатаму. Така само купуваат време – изјави Стефановиќ и додаде дека мигрантите не сакаат да останат во Србија, Хрватска или Македонија, туку сакаат да стигнат до Западна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.