fbpx

Камповите на турско-сириската граница се целосно пополнети

-

Бегалските кампови долж границата на Сирија со Турција, се целосно пополнети, соопштија хуманитарните работници, додека десетина илјади лица бегаат пред офанзивата на државните сили во покраината Алепо.

Во пограничниот град Азаз и во околината, семејства спијат на улици, а во шаторите се сместени и по 20 луѓе што ги напуштиле своите домови.

ОН соопштија дека во последните неколку дена околу 31.000 лица ги напуштиле Алепо и околните подрачја, додека владините трупи продолжуваат со офанзивата за опколување на делови од градот кои се под контрола на бунтовниците.

Властите во Анкара тврдат дека нивната „политика на отворени врати“ кон сириските бегалци останува непроменета, но во последните неколку дена затворен е главниот граничен премин кај Алепо. Сепак, се испраќа помош во камповите што се наоѓаат на сириска територија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...