fbpx
Таг: Јоханес Хан

таг: Јоханес Хан

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките...

Хан: Лидерите да работат во интерес на државата, а не за лични интереси

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, откако пристигна во Скопје, во изјава за „Телма“ порача дека доаѓа во Македонија за да го помогне процесот на преговори за да се пронајде решение со кое, како што рече, ќе се зачува евроатлантската перспектива на државата. Тој апелираше до сите политички лидери да работат во интерес на државата, а не за личните интереси. - Мислам дека сите...

Хан: Клучен момент за решавање на кризата во Македонија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, оцени дека ова е клучен момент за решавање на политичката криза во Македонија. Тој на својот твитер-профил напиша: „На пат кон поранешна југословенска Република Македонија. Клучен момент за лидерите да се согласат за излез од политичката криза“. "On my way to former Yugoslav Republic of #Macedonia: #Crucial #moment for leaders to agree...

Хан доаѓа со европратеничката тројка да ја реши кризата

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје, придружуван од тројцата европратеници, Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, потврди за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот. - Да, Хан ќе пристигне во придружба на тројцата европратеници – соопшти Коцијанчич. Портпаролката на Хан, сепак, не прецизираше дали еврокомесарот и европратениците ќе имаат лидерска средба или,...

Хан ќе одржи нова лидерска средба во Скопје

Еден ден по посетата на помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која во Македонија ќе дојде в понеделник, и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, ќе се обиде да стави крај на политичката криза, потврди за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Според планираното, Хан прво ќе има издвоени, а потоа и заеднички средби со...

СДСМ: „Вистината за Македонија“ го разобличи Груевски

„Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка“, пишува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски најавува дека ќе се повлече, па се премислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што ги дава, па не ги...

Пешевски: Хан немал прецизни информации за економскиот пораст

Еврокомесарот Јоханес Хан можеби не располагал со најпрецизни податоци во овој момент, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја толкува оцената на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во интервју рече дека економскиот пораст во Македонија од очекуваните четири отсто, моментно е нула проценти, пишува „Радио Слободна Европа“. Пешевски вели дека очекуваат македонската економија оваа година...

Хан: Итно е потребно лидерство и компромис од сите страни

„Последниот развој на настаните го потврдува тоа за што досега нотирав, дека сме во една многу критична фаза од преговорите, затоа итно е потребно лидерство и вистински дух за компромис од сите страни“, рекол еврокомесарот Јоханес Хан во писмена изјава за „Радио Слободна Европа“, а во врска со последните случувања околу политичката криза во земјата. „Сите партиски лидери треба да...

Хан: Во демократијата мора да има компромис

„На 20 јули ќе има состанок на Советот за асоцијација во Брисел, на кој ќе учествуваат високиот претставник и јас, од една страна, и Владата од друга страна, и се надевам и барам од сите страни да постигнат договор дотогаш. Ќе се расправа за извештајот за напредокот на земјата, кој ќе биде објавен наесен. Тоа е важно за европската...

Хан: Грција треба да се задржи во еврозоната

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, изјави дека Грција треба да се задржи во еврозоната и е уверен оти ќе биде направено сè за тоа да биде така. Хан, во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, истакнал дека сега е важно грчкиот премиер Алексис Ципрас да достави квалитетен предлог до партнерите. Хан истакна дека преговорите меѓу Грција и...

Хан се надева на конкретни резултати в понеделник

Во изјава дадена денеска во Брисел, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека нема да оди во Скопје в понеделник, но дека ќе биде на линија со лидерите. На прашање што очекува од преговорите во Скопје на 29 јуни, Хан одговори: - Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да...

Јоханес Хан нема да дојде на лидерската средба в понеделник во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, нема да присуствува на лидерската средба што ќе се одржи в понеделник, а на која ќе се направат последни обиди да се постигне договор меѓу лидерите на опозицијата и на власта за решавање на политичката криза, информира „А1 он“. – Комесарот нема да присуствува на средбата, но останува во контакт со соговорниците и ги остава каналите...

Хан и тројцата европратеници поканети на лидерската средба на 29 јуни

Лидерската четворка ќе упати покана до еврокомесарот Јоханес Хан и до европратеничката тројка Кукан, Ховит и Вајгл, за присуство на средбата на 29 јуни, објави „Дојче веле“. Доколку некој од нив поради службени активности не може да допатува во Скопје на тој датум, можно е лидерската средба да биде поместена еден-два дена подоцна. Во Скопје ќе престојува и белгискиот експерт Петер...

Хан задоволен од лидерската средба и ги објави приоритетните реформи во земјата

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, преку соопштение го поздрави исходот од лидерската средба што се одржа вчера во Скопје, во присуство на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес Бејли. Во соопштението уште еднаш се повторува изјавата што четворицата лидери им ја поделија на новинарите по состанокот. Во изјавата се вели: „Ние, лидерите на главните политички партии, се согласивме...

СДСМ: Без преодна влада, договорот од Пржино е невалиден!

Договорот од 2 јуни, постигнат за време на состанокот во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во скопско Пржино, мора да се почитува, порачал еврокомесарот Јоханес Хан, по средбата со Фатмир Бесими. Истото го порача и американскиот амбасадор Џес Бејли на средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Но, од СДСМ велат дека без преодна влада, за нив тој договор не важи. - Наше клучно...

Хан по средбата со Бесими: Компромис врз основа на договорот од 2 јуни

По средбата на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и еврокомесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, во Брисел, Европската комисија посочи дека се разговарало за актуелната политичка криза во земјата, со поглед кон поддршка за напредок во дијалогот помеѓу политичките партии. Еврокомесарот Хан го повторил својот повик до сите страни, во интерес на земјата и на нејзините граѓани, да...

СДСМ го поздрави напорот на Хан за решавање на кризата

Ставовите на СДСМ по повод одржаната средба се презентирани во изјавите на партиските функционери и во официјалните соопштенија на партијата, реагираат од СДСМ во соопштение. Од партијата велат дека текот и исходот на лидерската средба одржана во Брисел, предизвикале различни коментари, шпекулации и дезинформации во медиумите и во јавноста во Македонија. „Уште еднаш ја поздравуваме целосната посветеност, пред сè, на...

Хан од балканските влади бара поголема слобода за медиумите

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во видеообраќање на регионалната конференција на БИРН во Сараево „Предизвици за медиумската слобода“, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост и бара итно внимание. Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот останува точка на особена загриженост за Европската комисија, особено прашањето на владиното мешање и закани против независноста на јавните...

Хан нè остави да нагаѓаме кој е „без чувство на одговорност и лидерство“

На кого се однесува вчерашниот твит на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по завршувањето на неуспешните преговори во Брисел „...разочаран сум од немањето чувство за одговорност и од недостигот од лидерство...“? На кого точно мисли Хан? На Груевски или на Заев? Кој е тој што, според Хан,  немал „чувство на одговорност и му недостига лидерство“? Премиерот Никола Груевски уште веднаш,...

Хан на „Твитер“: Разочаран сум од недостигот на одговорност и лидерство

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по завршување на преговорите постави статус на „Твитер“. Во едниот тој напиша дека е разочаран од немањето чувство за одговорност и од недостигот од лидерство. "No final deal yet in talks on frm. Yugoslav Republic of #Macedonia. Very disappointed about lack of responsibility+leadership by some." 1/2 — Johannes Hahn (@JHahnEU) June 10, 2015 "Citizens deserve better: democracy, the rule of...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...