fbpx

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

-

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза.

За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките партии, а потоа ќе се одржи заедничка лидерска средба.

Основа за постигнувањето конечно решение би бил договорот од 2 јуни.

Посетата на Хан и на тројката олеснувачи од Европскиот парламент доаѓа еден ден по посетата на помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, која соопшти дека се останати неколку нерешени прашања и изрази надеж дека наскоро ќе се реши политичката криза.

– Се надеваме дека утре ќе биде многу, многу добар ден и дека сите ќе седнат на маса подготвени да го финализираат договорот. Тоа е во најдобар интерес на Македонија и во интерес на силна трансатлантска траекторија на вашата земја – изјави Нуланд во интервју за телевизијата „Алсат-М“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...