петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ИвоВајгл | 14 резултати

Иво Вајгл утре во посета на Македонија

14 октомври 2015

Европратеникот Иво Вајгл, кој е известувачот за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за надминување на политичката криза, утре доаѓа во Скопје. Неговата посета е да се информира за текот на преговорите за спроведувањето на договореното од Пржино.

Хан и европратеничката тројка со заедничка изјава го поздравија договорот

15 јули 2015

Европската комисија денеска објави заедничка изјава на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и на тројцата европратеници, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховид, во која се поздравува договорот што го постигнаа лидерите на четирите политички партии за решавање на кризата во Македонија. „Ја поздравуваме посветеноста на договорот на четирите главни политички партии во поранешна југословенска Република […]

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

14 јули 2015

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше […]

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

14 јули 2015

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни […]

Хан доаѓа со европратеничката тројка да ја реши кризата

13 јули 2015

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје, придружуван од тројцата европратеници, Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл, потврди за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот. – Да, Хан ќе пристигне во придружба на тројцата европратеници – соопшти Коцијанчич. Портпаролката на Хан, сепак, не прецизираше дали еврокомесарот и […]

Вајгл до Величковски: Не кажав дека Заев е единствениот одговорен за неуспехот во Брисел

13 јуни 2015

„Морам силно да ја отфрлам Вашата инсинуација дека сум бил пристрасен во корист на Владата на господинот Груевски, за време на нашиот процес на посредништво и мојата работа на Извештајот за Македонија во Европскот парламент (ЕП) и пред да сугерирате нешто такво, би требале да ги прашате претставниците на партиите што заедно и јас лично ги […]

Величковски до Вајгл: Со изјавата зазедовте страна

12 јуни 2015

Претседателот на Либералната партија на Македонија, Ивон Величковски, испрати писмо до европратеникот Иво Вајгл, во кое му ги соопштува погледите на партијата на актуелните состојби во преговорите за решавање на кризата. Во писмото, Величковски вели дека основата за нападите на дел од медиумите дека Заев е единствен виновник за неуспехот на преговорите во Брисел, ја […]

И Вајгл потврдува: Кризата во Македонија мора да заврши до почетокот на летото

27 мај 2015

Конкретни датуми за постигнување договор меѓу власта и опозицијата и за епилог на политичката криза во земјата засега не се утврдени, но ќе се направи сè „мисијата на европските претставници да заврши некаде до почетокот на летото“, изјавил словенечкиот европратеник и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Иво Вајлг, за државната словенечка новинска […]

Вајгл: Куманово е кулминација на политичката криза

12 мај 2015

Постојаниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл, изјави дека запирањето на политичката криза и на насилството во Македонија е услов за земјата да добие позитивен извештај. Вајгл, за „Словенечката телевизија“, рече дека се очекува ЕИ во следните неколку дена да конкретизира што би можела да ѝ понуди на Македонија за да ја стабилизира состојбата, […]

Вајгл: Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, треба да ѝ помогнеме

27 февруари 2015

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна, оцени известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Иво Вајгл. – Не би сакал да предвидувам катастрофални сценарија, но мора да се земе предвид дека постојат многу отворени прашања, тешки зборови, па дури и говор на омраза – изјави Вајгл за лондонски „Гардијан“. Европретставникот предупредува на пораст на тензиите во земјата-кандидат […]

Страна 1 од 1