Величковски до Вајгл: Со изјавата зазедовте страна

-

Претседателот на Либералната партија на Македонија, Ивон Величковски, испрати писмо до европратеникот Иво Вајгл, во кое му ги соопштува погледите на партијата на актуелните состојби во преговорите за решавање на кризата.

Во писмото, Величковски вели дека основата за нападите на дел од медиумите дека Заев е единствен виновник за неуспехот на преговорите во Брисел, ја дал Вајгел со својата изјава.

„Ја разбирам Вашата преоптовареност, но мислам дека овојпат сте се зафатиле со сериозна работа и имате обврска добро да го подготвите она што ќе го кажете во официјална изјава. Сметам дека Вашата последна изјава добива искривоколчено значење и така влијае во домашната јавност, бидејќи Вие, веројатно со господинот Хан, заради обемната агенда, сте си поставиле задача на одржаните разговори во Брисел да ги решите сите прашања. Затоа, многу лесно, веројатно и во момент на лутина, го обвинувате Заев дека ѝ нанел штета на нашата држава. Со таа реченица, господине Вајгл, Вие сте зазеле страна во овој тежок спор кој ја оптоварува нашата држава. Сте зазеле страна и сте се ангажирале во корист на Груевски и на сегашната власт во Македонија, не мислејќи многу кој, каква и колку штета ѝ нанел на РМ.

Колку што разбрав, вината на Заев е во тоа што не се согласил Никола Груевски и во транзициониот период да остане на чело на владата. А кој разумен би се согласил со тоа барање? Ако тоа го прифател Заев, ЛП и јас би биле негови први противници и први би го осудиле. Кој може да прифати на чело на преодната влада, што треба да ја подготви земјата за фер и демократски избори, да биде лицето кое е јасно лоцирано како носител на изборниот процес што масовно ја искривува волјата на граѓаните?

Ако сте заинтересиран, има многу начини и извори преку кои ќе се уверите во ширината и во длабочината на поклопеноста на државата од Груевски и од Ахмети и од врвовите на нивните партии. Ви стојам на располагање да Ви помогнам во согласност со Вашите потреби“, се вели во писмото што Величковски му го упати на европратеникот Вајгл.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...