Бесими со Вајгл разговараше за евро-атлантските интеграции

-

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во просторите на Секретаријатот за европски прашања, се сретна со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, со кој разговарал за активностите што се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда на земјата.

„Вицепремиерот Бесими истакна дека евро-атлантската интеграција останува еден од клучните стратешки приоритети на нашата земја, а Владата продолжува да работи на спроведување на потребните реформи и мерки за понатамошно правно и институционално приближување кон Европската унија. Дискусијата се фокусираше на активностите што се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда на земјата. Европратеникот Вајгл ја истакна својата подготвеност за овозможување понатамошен придонес за поддршка на соработката и за реформските процеси во нашата земја, од аспект на неговиот личен ангажман и од аспект на улогата во Европскиот парламент. Тој, исто така, ја истакна и потребата од целосна имплементација на постигнатиот политички дијалог“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот.

На средбата, Бесими му пренел на Вајгл дека во поглед на мигрантската криза, Владата презема активни мерки за решавање на прашањето околу зголемениот број мигранти, кои доаѓаат, главно, од Грција, вклучувајќи контрола на границите, обезбедување здравствена заштита, подобрување на условите во сместувачките капацитети. Тој му укажал дека Македонија, сепак, нема капацитет самостојно да се справи со овој процес со глобални размери и затоа е потребна континуирана поддршка и директна помош од ЕУ.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...