И Вајгл потврдува: Кризата во Македонија мора да заврши до почетокот на летото

-

Конкретни датуми за постигнување договор меѓу власта и опозицијата и за епилог на политичката криза во земјата засега не се утврдени, но ќе се направи сè „мисијата на европските претставници да заврши некаде до почетокот на летото“, изјавил словенечкиот европратеник и известувач за Република Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Иво Вајлг, за државната словенечка новинска агенција (СТА).

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека Советот на министри на Европската унија (ЕУ) веќе има донесено одлука до крајот на јуни да се реши политичката криза во земјава.

– Месец јуни е очигледно почетокот на летото и јасно им е на сите, не треба да бидете посебно политички упатени, дека Груевски калкулира. Ние нема да дозволиме летото длабоко да навлезе. Советот на министри на ЕУ знам дека има донесено одлука до крајот на јуни да се реши политичката криза. Како пријатели на Македонија, искрено верувам дека ќе помогнат во тоа – изјави Заев.

Вајгл, во врска со разговорите меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозацијата во Стразбур, минатата недела, за СТА изјавил дека тие се воделе „во конструктивна и добра атмосфера“. Според него, позициите на Груевски и Заев останале дијаметрлано спротивно, но, сепак, се успеало да се „постигне консензус околу некои точки“, важни за продолжување на политичките разговори.

Словенечкиот европратеник посочил дека и Груевски и Заев биле свесни дека кризата бара фокусирање на политичкиот дијалог и исто така го признале ризикот дека поради влошувањето на ситуацијата, Европската комисија може да го смени ставот околу препораката за почнување на пристапните преговори со ЕУ.

„Оваа закана виси врз македонската политика како Дамоклов меч“, рекол Вајгл.

В понеделник се очекува на разговорите во Скопје да пристигнат еврокомесарот за соседска политика и за предпристапни преговори, Јоханес Хан, заедно со тројката европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, за да го продолжат посредништвото меѓу политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за надминување на политичката ситуација во земјата.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...